Ознака: регионот

Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители

Post Views: 0 Северна Македонија е втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители.На својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче посочи дека: -Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Филипче потенцира дека во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови...

Continue reading

Граѓаните релативно задоволни од здравствените услуги во регионот

Post Views: 3 Граѓаните се релативно задоволни од здравствените услуги во регионот. Ова го покажа анкетата која ТВМ телевизија преку рубриката „Ти си твојот град“ ја спроведе во изминатиот период. На прашањето какви се здравствените услуги во Вашата општина, дури 60% од испитаниците одговориле добри, а 40 % ги оцениле како лоши. На прашањето дали има доволно стручен кадар, рекордни 100% од испитаниците одговориле негативно, односно сите сметаат дека нема доволно стручен кадар. Поголемиот дел од граѓаните сметаат дека здравствените власти не се справуваат добро со пандемијата. Дури...

Continue reading

Граѓаните се жалат на пропусти во јавниот превоз во регионот

Post Views: 4 Граѓаните во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија пријавија проблеми со јавниот линиски превоз во регионот. Доцнење на комбињата и автобусите, стари и неисправни возила, непочитување на препораките за заштита од корона вирусот, се дел од поплаките на граѓаните. Ве молиме да ја алармирате јавноста дека има големи пропусти со јавниот превоз во регионот. Ние сме од општина Дебрца имаме поплаки за една од компаниите кои сообраќаат на релација Дебрца-Охрид-Дебрца. Комбињата им се стари, често се случуваат дефекти и постојано доцнат – пишуваат загрижените...

Continue reading

Анкета за диви депонии во регионот

Post Views: 8 Помогнете ни да ги лоцираме дивите депонии во регионот. Доколку знаете за постоење на нелегална депонија во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебраца или случајно ја затекнете, Ве молиме пријавете ја точната локација. Нашата цел е да ги мапираме сите нелегални диви депонии, кои за жал ги има многу, како и да ги поттикнеме делувањто на Локалните самоуправи, комуналните претпријатија, еколошките организации, но и на граѓанскиот сектор. Да допринесеме сите заедно да се уредат критичните црни еколошки точки, со една единствена цел – чиста и здрава еколошка средина...

Continue reading

погребна кола

6 земји од регионот на црната листа по број на починати од ковид

Post Views: 6 Според податоците на веб страницата Ворлдометерс, шест земји во регионот се на црната листа по бројот на починати од Ковид во Европа. На врвот на листата е Бугарија, каде што починале 31.838 лица, што значи дека умреле 4.635 на милион Бугари. По нив следува БиХ, каде од коронавирус починале 13.696 луѓе, што значи дека починале 4.215 луѓе на милион жители. Потоа следуваат Унгарија, Црна Гора, па Македонија. Хрватска се најде на седмото место од 10-те најлоши во Европа, каде од коронавирус починале 12.983 лица односно на милион жители починале 3.193 луѓе. Словенија не...

Continue reading

Стабилна е моменталната епидемилошка состојба со ковид 19 во регионот

Post Views: 2 Во моментов во охридската болница на лекување се наоѓаат 50 пациенти со Ковид 19, од кои 30 се на кислородна поддршка. Податоците покажуваат дека Охрид е на врвот на листата на градови по бројот на активни случаи на инфицирани со вирусот. Од охридскиот ЦЈЗ, пак, информираат дека моменталната епидемиолошка состојба во регионов е стабилна. Намален е бројот на новозаболени лица од Ковид 19 споредено со претходните месеци, а повремено има поголем број на COVID 19 позитивни пациенти. Во писмен одговор на нашите прашања од охридскиот ЦЈЗ наведуваат дека променливата епидемиолошка...

Continue reading

Украински новинар мачен до смрт

Post Views: 3 Васил Сергијенко, новинар и активист на нациналистичката украинска партија Свобода е пронајден мртов и со траги на мачење, еден ден откако бил киднапиран, објавила денес партијата. Сергијенко во петокот од неговиот дом го киднапирале три лица, а неговото тело е пронајдено во саботата во шума во близина на едно село во средишниот дел на замјата, 120 км југоисточно од Киев. Телото покажувало знаци на измачување, повреди со нож и повреди на главата, наведува Свобода. Новинарот неодамна добивал закани и се јавува сомнеж дека тоа било поради неговите написи против моќен бизнисмен...

Continue reading

Венеција држава

Post Views: 0 Граѓаните на Венеција и околните региони гласале по електронски пат за отцепување од остатокот на Италија и формирање на сопствена држава. За, биле 89% од гласачите. Повеќе од два милиони жители на регионот Венето, учествувале во целонеделното гласање, а 89% од нив се изјасниле за независност од Италија. Електронското гласање, кои го организирале локалните партии, не е законски обврзувачко, но има за цел да ја процени поддршката кога би имало референдум. На социјалната мрежа Твитер се развила остра дискусија помеѓу приврзаниците за отцепување и Италијаните кои ова гласање...

Continue reading

Отстранувањето на ризиците по Охридското Езеро и регионот согласно насоките на УНЕСКО мора да биде врвен приоритет за сите засегнати и надлежни

Post Views: 3 Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, која, во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава...

Continue reading

Нови 6000 руски војници во Украина

Post Views: 1 Американскиот амбасадор во Обединетите нации Саманта Пауер на вонредниот состанок, свикан на барање на Литванија, и на консултациите во советот на безбедност побарала итно на Крим да се прати меѓународна посредничка мисија со цел да се смири напнатоста, и ја повикала Русија да ги повлече трупите од регионот, пренесува АFP. “Многу сме загрижени за руското воено разместување”, им рекла Пауер на новинарите. “САД ја повикуваат Русија да ги повлече воените трупи кои секојдневно се зголемуваат во регионот и да му дозволи на Украинскиот народ да избере сопствена влада, да одлучува...

Continue reading

dete

UNESCO: 250 милиони деца во светот се неписмени

Post Views: 0 Најмалку 250 милиони деца, на возраст за во основно училиште, од вкупно 650 милиони низ светот не можат да читаат, пишуваат и не ги владеат основите на математиката, покажува извештајот нарачан од Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесоа американските медиуми. Околу 130 милиони деца посетуваат основно училиште, но не ги покриваат минималните образовни стандарди. Речиси 120 милиони деца многу малку време или воопшто не минувале во училниците, а од нив дури 57 милиони не посетуваат училиште.Годишно владите низ светот губат по 129 милијарди...

Continue reading

Зелен коридор за брзо и безбедно патување во регионот

Post Views: 1 На иницијатива на Агенцијата за туризам се оствари состанок со националните туристички организации на Србија и Црна Гора на кој детално се презентираа резултатите од туристичката сезона за време на Ковид 19 и начините за надминување на бариерите за патување. Со оглед на неизвесноста од иднината и мерките за превенција од ширење на коронавирусот, за време на состанокот директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски, заедно со директорките на Националната туристичка организација на Црна Гора и Србија, г-а Жељка Радак и г-а Марија Лабовиќпрезентираа статистики, бројки, пранови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top