• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици

Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици

Основната заложба на организаторите на конференцијата е резултатите од овие истражувања да се стават во туристички цели.

 |  Мишел Наумоски  | 
mozaik
мозаик

Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство.

mozaik„Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено што може добро да го продаде како туристички производ и како економски производ, тоа е културното наследство, а сето тоа треба добро да се менаџира.“-вели проф.д-р Рубин Земон, претседател на програмскиот одбор на конференцијата.

На овогодинешната конференција ќе бидат презентирани 49 научни реферати од научници од 12 земји учеснички.

kulturno nasledstvo„Новина е тоа што оваа година ќе има отворање на изложба на фотографии од археолошките откритија во Азербејџан. Нашите пријатели од Азербејџан ќе направат изложба со фотографии под наслов „Археолошките бисери на Азербејџан“ каде што интересно за Македонија е што таа има неколку квалитети од периодот во кој доминира елинизмот и имаме еден град, Габала кој што за жал сега не постои, но археолошкиот локалитет постои и сакаат на тоа да направат 3Д реконструкција и на некој начин ќе ги поврземе нашите две држави.“-рече проф.д-р Земон.

Оваа втора по ред научна конференција ќе биде отворена во петок, токму со изложбата на фотографии од Азербејџан. Инаку во организирањето на истата, свој придонес од аспект на финансиска и логистичка поддршка даваат и МАНУ, Завод и музеј Охрид, општина Охрид, како и економскиот весник, Капитал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top