Триесетина учесници на курсот за Менаџирање во одбраната се стекнаа со сертификати

Триесетина учесници на курсот за  Менаџирање во одбраната се стекнаа со сертификати.

 |   | 
Menadziranje odbrana
Menadziranje odbrana

Трисетина учесници од земјава и од регионот се стекнаа со сертификати за Менаџирање во одбраната. Јордан Тасев, од Евроатланскиот совет на РМ  е еден од учесниците на  двонедената обука и е задоволен од овој проект.

Menadziranje odbrana„ Комплементарен е на  нашите цели за интеграција во Нато и ЕУ , како Македонија ја третира безбедноста во поширок аспект. Посебно беше задоволството што  на курсот имаше луѓе од различни профили, одбрана, влада, од невладиниот сектор. Придонес дадоа и колегите и од регионот од Министерствата за одбрана. Се што научивме и беше предавано е од највисок квалитет од британското искуство и е применливо и се надевам дека секој од нас ќе може да  го примени во нивните интитуции“,  рече  Тасев.

Конференцијата со наслов менаџирање во одбраната ја организиравме во соработка со британската амбасада во Македонија, кажа државниот секретар Сашо Стефаноски. Ова е наш доказ за наша посветеност за интензивирање на регионалната соработка. Пристап кој го правиме за стекнувања на знаења и искуство од земјите кои се понапред во овој дел од нас, рече Стефаноски.

sertifikat„Учесниците ќе се стекнат со  знаења кои ги има британскиот универзитет Кренфилд. Тој е обучувач кој ќе овозможи знаењата кои ги дава за нивните посетители во Британија да ги пренесе и за посетителите  во регионот. Ние како одговорни  лица во институциите ќе овозможиме тие лица стекнатите знаења да ги вклопат во системот на функционирање и да ги подобриме перформансите на нашите институции“, напомена Стефаноски.

Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија имаат склучено договор за билатерална соработкаа од 1995 година. На доделувањето на сертификатите присуствуваше  и Чарлс Гарет новиот британски амбасадор во  земјава.

„Овој настан е важен дел од соработката на земјите од Балканот и се надеваме дека тој ќе биде добар и ефикасен придонес кон развој на армиите на Блакнаот и министерствата“, изјава Гарет.

На обуката покрај претставници од земјава со сертификати се стекнаа и  учесници од Албанија, Косово и Црна Гора. Изостана присуството на претставници од  Србија и Бих кои сеуште се справуваат со последиците од природната непогода која ги зафати неодамна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top