ЕУ интеграциите гарант за безбедноста на Македонија

Членството з во Европската Унија може да биде гаранција за безбедноста не само за нашата држава туку и за сите земји од регионов кои чекаат за влез пред вратите на унијата.

 |  Голабовски Крсте  | 
конференција безбедност
konferencija bezbednost

Во моментов, реална безбедносна закана за нашата држава не постои, но експертите велат дека значаен проблем е можноста за одолговлекување на стабилизацијските процеси. Се поставува прашањето, што тогаш значат европските интеграции од аспект на безбедноста за нашата земја? ЕУ несомнено претставува еден гарант за безбедноста, вели Проф.Никола Дујовски од Факултет за безбедност од Скопје.

конференција безбедност„Постои еден сигурен гарант внатре во механизмите на унијата од различни внатрешни конфликти или од закани однадвор и затоа е доборо што побрзо да ги завршиме што е можно побрзо сите потребни чекори за еврпските интеграции независно дали ќе бидеме примени наскоро или тоа ќе се случи после многу години, но ние мораме механизмите кои тие ги користат да ги имплементираме или користиме овде“ објаснува Дујовски.

Кога станува збор за безбедносната состојба во регионот, Хрватска која овој јули ќе стане членка на Европската унија, може да биде пример за сигурноста за останатите земји од регионот на Југоисточна Европа, кои се уште не се влезени во Европската унија, вели Маријана Мусладин, професор на Факултетот за безбедност од Дубровник Република Хрватска.

конференција безбедност„Мислам дека многу добро влијаеме врз државите од регионот, дека претставуваме многу добар пример или ѕвезда водилка за останатите земји од регионот на Југоисточна Европа, земји кои се потенцијални кандидати за влез во европската унија“ вели Мусладин.

Балканот отсекогаш бил точка на судири на геополитички и секакви други интереси,ЕУ е историска константа и национален интерес на сите држави на просторот на поранешна Југпославија, но и пошироко во регионот, за намалување на ризиците по безбедноста, вели Проф.Младен Бајагиќ- Србија -криминалистичко-полицијса академија.

„Балканските држави во секој смисол мора да го најдат своето место во европските интеграциски процеси за да избегнат кризни ситуации, можеби и поголеми од тие пред 15 – 20 години. Со тоа ќе можат да се амортизитаат не само внатрешните судири, туку и глобалните безбедносни закани како што се тероризмот и организираниот криминал“ потенцира Бајагиќ.

Безбедносните состојби во земјите од регионов се само една од темите на  тридневната Меѓународна научна конференција “Балканот меѓу минатото и иднината: безбедност, решавање на конфликти и евро-атланската интеграција”, која деновиве се одржува во Охрид во организација на Факултетот за безбедност од Скопје.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top