Само автентичен амбиент може да биде успешна туристичка приказна

Промоција на состојбите и перспективите во Екотуризмот во Охридско преспанскиот регион во организација на таканаречената зелена партија ДОМ.

 |  Крсте Голабовски  | 
tribina
tribina

Екотуризмот може да биде печат по кој ќе биде препознатлива Македонија. Станува збор за многу погоден облик на туризам, каде преку природните убавини, културно-историските споменици, одличната храна, автентичната музика, амбиентот и архитектурата, ќе се единствена туристича понуда. Само автентичен амбиент може да буде успешна туристичка приказна, вели Лиљана Попоска, претседател на Партијата за Демократска обнова на Македонија.
„Цела Македонија има проблем со користењето на европските фондови, ни фали едукација, обука како да ги користиме. Ни фали мрежа на потпора како да се изработат тие проекти. Нашите луѓе немаат искуство и тука ќе треба да помогне и државата и Локалната самоуправа. Тоа е концептот, а инаку други држави како една Словенија искористија речиси се од таквите фондови, и презедоа средства дури од други земји кои не биле доволно организирани, вели Попоска и додава дека,

„Вака нам ни се случува средствата наменети за Македонија да ги користат други земји. Но, ни треба подобра организација, подобра едукација и луѓе со капацитет за поддршка на вакви проекти.“ Инаку, денешната одржана трибина на тема Екотуризмот во охридско – преспанскиот регион е дел од кампањата во која влегува и изложбата на фотографии за промоција на регионот на Преспа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top