Ознака: охридска

Ohridska sofra

Се подготвува теренот за манифестацијата „Охридска софра“

Post Views: 4 Наместо Ѓомлезијада, од годинава – „Охридска софра“. Оваа манифестација која е во организација на секторот за Туризам и локален економски развој има за цел да ги обедини промотивните аспекти на традиционалата храна и пијалоци во Охрид. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека нема да се менува ништо од  традиционалната Ѓомлезијада, туку манифестацијата ќе се прошири со тоа што од годинава ќе се подготвуваат и традиционални специјалитети од охридскиот крај  кои заедно со ѓомлезето ќе имаат промотивен карактер. „Сите подготвувачи на храна и презентери ќе...

Continue reading

komunalec

Екс директорот на Комуналец ги демантира вчерашните обвинувања

Post Views: 6 После вчерашната пресс конференција на В.Д. директорката на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“,  Елена Скрческа на која беше истакнато дека претпријатието тоне во долгови, денес екс директорот Сашо Алчев се обрати до нас со цел јавно да го каже својот став по изнесените обвинувања упатени на негова адреса.  Како што беше кажано „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Алчев демантира. Тој вели дека зад обвинувањата се крие безидејноста на новата директорка како да го води претпријатието. Алчев рече дека не се основани и обвинувањата дека претпријатието...

Continue reading

kolekcija

Нумизматичката збирка да се врати во Охрид

Post Views: 6 Колекцијата со нумизматичка поставка, со 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, која некогаш беше подарок на градот од Охридска банка, повеќе не се наоѓа во галеријата на банката во охридската чаршија. Веќе 6 години Охридска банка ја поседува француската банка Социете Женерал, па јавноста се  интересира зошто колекцијата од непроценлива вредност не е изложена во градот каде што припаѓа. Одговор се обидовме да добиеме од првите луѓе кои треба да го чуваат националното културно богатство. Археологот-советник нумизматичар Даница Бачева, автор на поставката отворена ...

Continue reading

fenerce

Ќе се вратат ли фенерчињата во стариот дел на градот?

Post Views: 0 Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има. Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен. „Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите,...

Continue reading

poribuvanje

Се пориби езерото со пастрмка

Post Views: 5   25000 единки, подмладок од охридска пастрмка денес беа фрлени во водите на езерото.  Ова порибување согласно договорот помеѓу Хидробиолошкиот завод и концесионерот „Пастрмка 2012“. Можноста малите пастрмчиња да преживеат во езерото е дури 95%, вели Д-р Сузана Патчева, директорката на Хидробиолошки завод. Ова е уште еден обид да се зголеми рибниот фонд во езерото кој поради неконтролираното ловење се доведе до минимум. Концесионерот на езерото, Ристе Танасоски објаснува дека сега се она што се лови е во согласност и корелација со овој научен институт. Но, потенцира...

Continue reading

najavna shpica joklama

Охридска Јоклама-првата телевизиска утринска емисија во градов

Post Views: 10 Охридска јоклама-верувам дека сте го слушнале и употребиле овој термин и претходно, но почнувајќи од овој понеделник, тој ќе добие и едно друго значење. Токму ова е името на новиот производ на Телевизија ТВМ, кој за нецели два дена ќе започне да се емитува на нашата телевизија. Охридска јоклама официјално е првата телевизиска утринска емисија во градов, а за оние кои не знаат што значи тоа јоклама, мало појаснување  од водителот на оваа емисија, Крсте Голабовски. „Збор кој често го користат охриѓани. Инаку станува збор за турцизам, за турски збор што значи истражување,...

Continue reading

pastrmka

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 9 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека...

Continue reading

skuterce

Скутерџиите непожелни на Охридското езеро

Post Views: 2 Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер. Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата...

Continue reading

nastoski

Се регистрираат пловни објекти

Post Views: 7 Задолжителна регистрација на пловени објекти. Тоа деновиве се регулира во капетанија. Во евиденцијата на Охридска капетанија пријавени се над илјада пловни средства кои имаат механички двигател, а регистрацијата во зависност од категоријате се движи од 250 до 2 750 денари. За тоа која е постапката за да може пловното средство да се пушти во вода, кажа Капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски.„Прво и основно е да има доказ за сопственост на пловниот објект, а тоа се, фактура, царинска декларација доколку е самоградба изјава за самоградба. Наредна фаза е технички...

Continue reading

lokalitet

Археолошкиот локалитет „Манчевци“, идна охридска атракција

Post Views: 9 Еден од позначајните проекти за Завод и музеј за 2012 год е  конзервација на археолошкиот локалитет Манчевци. Овој локалитет кој со сигурност ќе биде идна Охридска атракција, беше случајно откриен во 2008 год, но чекаше добри времиња за негова реализиација. „Откриената многу значајна базилика со повеќе мозаични подови, ќе биде соодветно конзервирана, покриена со заштитен покрив, по што ќе биде презентирана пред јавноста“, вели директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа додава дека посетителите ќе можат да ја видат и посетуваат во секое време. „Постоеја...

Continue reading

plasici

Два тона чорба за денот на рибарите

Post Views: 7 Во еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи...

Continue reading

opstestvena odgovornost

Колку се општествено одговорни македонските фирми?

Post Views: 15 Мислевте дека успехот на претпријатијата се мери само преку деловни резултати? Погрешно! Во последно време се  поприсутен станува концептот на општествена одговорност на компаниите. Реновирање на спортски центар во Скопје, крводарителски акции, помош на децата од СОС селото, еколошка акција за чистење на брегот на Охридското езеро, засадување на садници. Овие неколку примери на општествено одговорно однесување се дело на Охридска банка од групацијата Сосиете женерал, но се поголем број на компании се приклучуваат во примената на овој солидарен концепт. Зошто? „Директни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top