Колку се општествено одговорни македонските фирми?

Придонесот за општествениот развој се повеќе влегува во мода-не бидете себични, мислете и на другите. Во Македонија малку се знае за општествената одговорност на претпријатијата. Некои дури сега се запознаваат со концептот, а некои без да знаат со години го применувале. Но што е општествена одговорност?

 |  Мишел Наумоски  | 
opstestvena odgovornost
општествена одговорност

Мислевте дека успехот на претпријатијата се мери само преку деловни резултати? Погрешно! Во последно време се  поприсутен станува концептот на општествена одговорност на компаниите. Реновирање на спортски центар во Скопје, крводарителски акции, помош на децата од СОС селото, еколошка акција за чистење на брегот на Охридското езеро, засадување на садници. Овие неколку примери на општествено одговорно однесување се дело на Охридска банка од групацијата Сосиете женерал, но се поголем број на компании се приклучуваат во примената на овој солидарен концепт. Зошто?

„Директни пресметливи бенефити бидејќи ние сме банка и работиме со бројки во оваа ситуација не бараме, значи не сметаме, не пресметуваме колку сме дале, колку сме примиле, тука нема такви параметри. Меѓутоа со самото тоа како што спомнав минатата година ја добивме наградата за најдобра примена на корпоративни практики во Македонија, фактички задоволство е да се прими една таква награда и фидбекот е фактички запознавање на јавноста дека ние се грижиме за одредени аспекти кои за жал многу малку се познати во јавноста.“рече-Вецко Симјаноски-Директор на Охридска банка, филијала Охрид.

opstestvena odgovornostСе чини конкуренцијата си го прави своето. Според претседателот на националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, доколку конкурентот го применува овој концепт тогаш едноставно мора да се држи чекор со него и да се прифати истиот.

„Најчест интерес нормално кај фирмите е честопати бараат идеи каде можат да се вклучат, каде можат да придонесат во заедницата така да добредојдени се секогаш примерите од други компании кои што имаат вложувано на ова поле и нормално чест е и интересот е како може практикувањето на општествената одговорност да се поврзе со деловните цели на една компанија. Но секако може преку таа општествена одговорност да се постигне придобивка и за пошироката заедница и за самата компанија која што на тој начин може да оствари и одредени финансиски резултати.“-вели Александар Николов-Претседател на националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата

Што е концептот на општествена одговорност? Голем број македонски компании го практикуваат, но не се свесни за тоа. Ако една компанија покрај својата основна дејност, придонесува и кон зачувување на животната средина, помош на ранливите категории на граѓани, луѓе со хендикеп, тогаш тоа може да се нарече општествено одговорна компанија. Можеби звучи чудно да се преземе акција без да се очекува нешто за возврат, но да се надеваме дека се повеќе компании ќе го прифатат овој благороден концепт на работење.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top