Нумизматичката збирка да се врати во Охрид

Колекцијата со нумизматичка поставка, со 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, која некогаш беше подарок на градот од Охридска банка повеќе не се наоѓа во галеријата на банката во охридската чаршија.

 |  Валентина Неловска  | 
kolekcija
kolekcija

Колекцијата со нумизматичка поставка, со 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, која некогаш беше подарок на градот од Охридска банка, повеќе не се наоѓа во галеријата на банката во охридската чаршија. Веќе 6 години Охридска банка ја поседува француската банка Социете Женерал, па јавноста се  интересира зошто колекцијата од непроценлива вредност не е изложена во градот каде што припаѓа. Одговор се обидовме да добиеме од првите луѓе кои треба да го чуваат националното културно богатство. Археологот-советник нумизматичар Даница Бачева, автор на поставката отворена  во 2005 година на иницијатива на поранешниот директор на Охридска Банка, Најденко Попоски, со жалење констатира  дека поствката сега е во Социетe Женарал во Скопје. Бачева во однос на нумизматичката поставка го оспорува  купопродажниот договор помеѓу Социетe женерал и Бордот на директори на Охридска банка.
moneti
„ Нумизматичката поставка е движен споменик на културата и е од висок национален интерес за земјата. Поставката требаше да биде понудена на откуп на Р.Македонија иако таа одбиеше тогаш Бордот можеше да ја продаде на  Социете Женерал“.

Од 2006 година, Социете Женерал, нема повикано стручно лице за да се конзервираат и прегледаат монетите од колекцијата, нагласува Бачева. Монетите еднаш во текот на годината за да се зачуваат од уништување мора да се конзервираат. На иницијатива на археологот нумизматичар Даница Бачева и на инсистирање на директорот на Управата Паско Кузман, кон крајот на 2012 година,  издејствувале Социете Женерал да дозволат влез во депото и да направат увид на колекцијата. При тоа Бачева констатирала дека голем дел од сребрените монети се загрозени и мора да се заштитат, но соработката со неа тука застанала и покрај нејзините писмени барања за воспостваување контакт со првите луѓе на Социете Женерал.

 „Барав средба и со претходниот и со сегашниот директор за да им кажам во каква ситуација е збирката, што е потребно да се направи за збирката,  да им помогнеме како Завод и Музеј, но не сакаа контакти. Тие се плашат од мене затоа што  ја кажувам вистината за незаконската продажба, дека збирката е подарок на градот и дека треба да се врати на градот, и сум непријател број еден.“
 
postavkaВо меѓувреме,Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска, информира дека отпочнале соработка со Охридска банка, Социете Женерал за конзервација на монетите. Покрај тоа ќе бил изготвен и режим за заштита на колекцијата. Паскали Бунташеска уверува дека збирката не смее да биде изнесена надвор од земјава. И Бачева согласна дека збирката е сопственост на Р.Македонија и не смее да се изнесе од државата, но таа стравува од други незаконски постапки.

„ Ако тие направиле срамен купопродажен договор и незаконски ја купија збирката тие не се сопственици туку само иматели. Сопственик е РМ, а тие не би смееле да ја изнесат надвор од земјата освен ако се случи нешто без знаење. Може да се случи се. Да се направат копии, да се фалсификуваат. Денес се прават такви фалсификати што и ние како стручни лица тешко може да ги препознаеме, секако се прават анализи, но се прават и одлични фалсификати.“
 
Најдобра алтернатива е збирката да се изложи во Музејот на Робевци бидејќи и првичната идеја на поранешниот директор на Охридска банка, Најденко Попоски била збирката  да биде подарок за граѓаните на Охрид, нагласува Бачева. Додава дека ова колекција  покажува кој сме и што сме ние Македонците. Бачева го повикува и охридскиот градоналчалник Никола Бакрачески да се заложи нумизматичката поставка да се врати во Охрид. 

{loadposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top