Екс директорот на Комуналец ги демантира вчерашните обвинувања

Сашо Алчев, екс директорот на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ побара јавно да  го каже својот став во врска со вчерашните изнесени податоци на В.Д. директорката на претпријатието,  Елена Скрческа, за состојбата во Комуналец која ја  наследила од претходното раководство.

 |  Јаковлева Лионела  | 
komunalec
комуналец

После вчерашната пресс конференција на В.Д. директорката на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“,  Елена Скрческа на која беше истакнато дека претпријатието тоне во долгови, денес екс директорот Сашо Алчев се обрати до нас со цел јавно да го каже својот став по изнесените обвинувања упатени на негова адреса.  Како што беше кажано „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Алчев демантира. Тој вели дека зад обвинувањата се крие безидејноста на новата директорка како да го води претпријатието.saso alcev

Алчев рече дека не се основани и обвинувањата дека претпријатието поради него должи 16.491.000 денари по основ на кредит од Охридска банка. Тој појасни дека тој кредит не бил земен во текот на неговиот мандат, туку бил наследен. Екс директорот рече дека со поранешниот градоначалник Александар Петрески било изнајдено решение со Охридска банка како кредитот да биде сервисиран, но новата директорка не се потрудила да стапи во контакт со банката и да го дознае тоа. Алчев тврди дека состојбата во Комуналец сега е многу полоша од порано и дека доказ за тоа е секојдневната слика по улиците и парковите низ градов со неподигнат смет и обраснати паркови.

Алчев истакна дека во моментов на раководни места се поставени луѓе со несоодветно знаење и искуство и дека новото раководство нема никакава визија за водење на претпријатието. Тој стравува дека состојбата ќе биде уште полоша во летниов период кога во градов се очекуваат голем број гости.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top