Скутерџиите непожелни на Охридското езеро

Скутерџиите непожелни на Охридското езеро, бидејќи ја загрозуваат безбедноста на капачите, сметаат охриѓани. Капетанија на оваа тема годинава молчи, по се изгледа се чека назначување на нов раководител.

 |  Николоска Биљана  | 
skuterce
скутерче

Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер.

Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата на скутерот и тотално беше нарушен мирот на целата плажа. Скутерот дивееше на помалку од 100 тина метри оддалеченост од брегот на езерото, во заштитениот и ограден дел на плажата. Од Охридска капетанија од каде што побаравме одговор, што треба да направиме доколку сме сведоци на една ваква состојба која во најмала рака е сосема небезбедна за капачите, ни кажаа, благодариме што ни посочивме, ќе пратиме инспектори на терен. Нема кој да каже стоп за дивеењето на скутреџиите на вода, кои веќе ја отпочнаа својата акробатска и предизвикувачка за нив мисија. Од Охридска Капетанија кратко во врска со сугестиите на јавноста за овој проблем ни кажаа дека тие неможат да дадат никаква информација и да се стрпиме за некој ден.

Забраната за скутери започнува на 20 јули од 11 до 18 часот и трае до 20 август. Но акробациите на скутерџиите покрај  охридските плажи веќе започнаа и време е и инспекторите да излезат на терен и да воведат ред. Но за воведување ред по се изгледа ќе треба да почекаме Министерството за транспорт и врски да го назначи новиот Капетан на Охридската капетанија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top