Се регистрираат пловни објекти

Сопствениците на пловните објекти кои сакаат да вршат превоз на патници, покрај регистрација, треба да поседуваат и одобрение за вршење на превоз.

 |  Николоска Биљана  | 
nastoski
настоски

Задолжителна регистрација на пловени објекти. Тоа деновиве се регулира во капетанија. Во евиденцијата на Охридска капетанија пријавени се над илјада пловни средства кои имаат механички двигател, а регистрацијата во зависност од категоријате се движи од 250 до 2 750 денари. За тоа која е постапката за да може пловното средство да се пушти во вода, кажа Капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски.
„Прво и основно е да има доказ за сопственост на пловниот објект, а тоа се, фактура, царинска декларација доколку е самоградба изјава за самоградба. Наредна фаза е технички преглед, основен и редовен“.

Настоски потенцира дека пред престојната сезона добро се екипирани, но од друг аспект фалат многу работи за развој на водениот сообраќај.

pristaniste„На Охрид и на езерото потребна му е марина заради безбедност на одвивање на пловидбата на сите природни езера, ако сакаме да развиваме туризам. Со потегот на Владата со одлуката за поставување на понтонски пристаништа се решава еден мал дел за поставување на пловните објекти“.
Бродовите „Галеб“ и „Александрија“, кои се со по 150 седишта капацитет, летово сигурно ќе крстарат низ водите на Охридското Езеро, бидејќи за нив потврдена е способноста, информираа од Охридска Капетанија. Тука е и бродот Христина, а од капетанија се надеваат дека годинава ќе заплови и „Александрија2“. За скутерите сеуште важи одлуката за времена забрана за време на шпицот на туристичката сезона од 20 јули до 20 август, во период од 11 до 18 часот.
Од Капетанија апелираат да се почитуваат одредбите од Законот за внатрешна пловидба затоа што казните за прекршителите се високи и се движат од 500 до 8000 евра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top