Ознака: отпад

otpad

Солиден буџет за проект

Post Views: 1 Општините Струга и Дебрца, на само чекор до искористување на   средства во висина од околу 80.000 евра. Средствата се наменети за реализација на 1 од 5 те капитални проекти кои се однесуваат на Управување со цврст отпад. Изминативе три месеци (октомври, ноември и декември), во 24 општини се одржаа 60 – ина форуми каде што граѓаните дискутираа на различни теми, проекти, буџети, доставуваа свои идеи, предлози и препораки, вели Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР. Тој додава дека денес во хотелот Димитрија, охридско, се одржа четвртата сесија на која стана збор за буџетите...

Continue reading

ЕД Грашница со алтернатива: Да се засили селектирање и рециклирање на отпад наместо изградба на депонии

Post Views: 8 Охридските еколози од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е да се продолжи со веќе започната селекција за собирање и рециклирање на отпадот од јавните и приватните претпријатија. Алтернативата ја гледаат преку едукација и пропаганда да се продложи со рециклирањето на отпадот и да се добива економски бенефит. На терен ги имаме садовите за собирање на отпад, а може да им се помогне и на собирачите на отпад, вели Стојаноски. „Наместо да се дадат 40 милиони евра за депонија во Дебрца или некаде во...

Continue reading

Се менува навиката за селектирање на отпад кај охриѓани

Post Views: 2 ЈП Охридски комуналец и Пакомак од Скопје на територија на Охрид имаат поставено 60 кафези за хартија , 45 специјални садови за стакло и 13 за одлагање на ПЕТ амбалажа и лименки. На депониите и понатака завршуваат големи количини на текстил и лименки. Свеста за селектирање на отпадот кај граѓаните полека се менува и се подобрува, информира Слободан Рапешоски од РЕ Механизација од ЈП Охридски комуналец. Иако 50 посто од собраниот отпад може да се селектира и да се преработи засега се селектира само 20 посто од отпадот, вели Рапешоски. „Најмногу се селектира хартијата....

Continue reading

На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад

Post Views: 5 На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад. Помина скоро една година откога стружани протестираа поради загадувањето на воздухот од чадот кој доаѓаше од запалената депонија, а се уште нема конкретно решение за овој горлив проблем стар дваесеттина години. Градоначалникот Рамиз Мерко ветуваше дека до месец мај депонијата ќе биде исчистена, а сметот ќе биде транспортиран до скопска Дрисла, но тоа сега на граѓаните им изгледа како научна фантастика.Ардијан Демири од здружението „Стружани за Струга“е скептичен. Вели дека невозможно е толкави количини на смет...

Continue reading

Несовесни граѓани фрлаат отпад кај игралиштето на ул. Крали Марко

Post Views: 4 Жители на улицата Крали Марко во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ пријавуваат проблем за кој како што велат не е првпат. Имено, станува збор за депонирање отпад од несовесни граѓани кај повеќенаменското игралиште кое се наоѓа на оваа улица. Ова е нивниот коментар : Сакаме да пријавиме по втор пат проблем на ул. ,,Крали Марко” (на самата ширина пред игралиштето) несовесни граѓани непрекинато фрлаат неразградлив отпад (пред предворје), иако неколкупати беше разговарно за истото и од страна на ЈП ,,Комуналец”. Во прилог слики од отпадот (кој секоја...

Continue reading

Деновиве Охридското Eзеро исфрла отпад

Post Views: 1 Депониите по коритата на реките завршија во езерото. Околу 40 метри кубни разновиден отпад, трска, шишиња, најлони, за само два дена е подигнат на потегот од Градското пристаниште до холандскиот парк. Количината на отпадот кој се најде на градскиот кеј е резултат на изливање односно високиот водостој на реките и речните корита, поради обилните врнежи на дожд и топењето на снегот од планините, вели Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. „Не се работи за отпад кој бил наталожен на дното од езерото и сега е исфрлен на самото крајбрежје,...

Continue reading

СЕ РАСЧИСТУВА КЕЈОТ ОД ОТПАД И ТРСКА

Post Views: 2 Екипи на„ Охридски Комуналец“ од рано утрово интензивно работат на расчистување на езерскиот кеј од отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови.  Ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите дека ќе дува јужен ветер со посилен интензитет. 

Continue reading

Арнаудовски: Во програмата за управување со отпад нема да го реши проблемот со отпадот

Post Views: 6 Конкретни датуми за чистење на дивите депонии, како и утврдување на бројот на такви депонии на територија на општина Охрид, побараа од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, од изготвувачот на програмата на денешната седница на Совет. Илија Арнаудовски истакна дека точката која се однесува на Предлог планот за управување со отпад на општина Охрид за период 2018 – 2020 е само замајување на јавноста дека ќе се реши проблемот со отпадот и смета дека јавноста мора да биде запозната со тоа. Додаде дека предложената мерка за санација на депониите со воведување на системот...

Continue reading

Поставените контејнери наменети за рециклирање отпад не се користат правилно

Post Views: 2 На охридските улици ЈП „Охридкси Комуналец“ има поставено контејнери за одложување на хартија, стакло, пластика и лименки. На овој начин со селектирање се рециклира корисниот отпад, се намалуваат количините на смет и се зголемува здраво еколошко опкружување. Случајно избраните граѓани од кои ТВМ сакаше да слушне како размислуваат за овој комунален проблем ја поздравуваат можноста која им ја дава јавното комунално претпријатие да се селектира отпадот за да се зачува животната средина. Многу честа е глетката во поставените контејнери за селктирање на отпад да не се користат...

Continue reading

Повеќе од 300 охриѓани за нецел месец пријавиле и сликале отпад

Post Views: 2 За нецел месец новата кампања на ЈП „Охридски Комуналец“, „Прати слика, пријави отпад –за чист Охрид, каков што заслужува да биде“ наиде на голем одзив кај корисниците на услугите. Флаерот на кој е испишан телефонскиот број и адреса на која може да праќаат фотографии, односно да пријавуваат отпад, корисниците го добија со декемвриската сметка. Директорот на ЈП Љупчо Грданоски вели дека пријатно е изненаден од интересот кој го покажаа охриѓани . „Значи имаме одлични резултати и во овој моемент имаме преку 300 пријави на граѓани по кои постапуваме. Огромно е задоволството...

Continue reading

Ретко кој граѓанин пали возило за градежниот отпад да го одложи на депонијата Буково

Post Views: 3 Купишта градежен шут секојдневно осамнуваат покрај патот кој води до Велестово. Охриѓани и сопствениците на недвижнини во Охрид кои градат или реновираат и понатака продолжуваат со старите навики и од шутот се ослободуваат растоварајќи го покрај патиштата. Овој пат на удар е НП над бензиската пумпа Билјанини извори како најблиска дестинација за да се ослободат од шутот. Од ЈП „Охридски  Комуналец“ се согласуваат дека ова е сериозен проблем за градот. Напоменуваат дека со одлука е забрането одлагање на градежен шут на Мауцкер, а граѓаните, до изнаоѓање на нова локација,...

Continue reading

Во населбата Христо Узунов двете зелени оази за пресирање отпад претворени во депонии

Post Views: 2 Околу двете зелени оази во Христо Узунов наменети за пресирање на отпад секојдневно има огромни количини депониран градежен шут, но и разни делови од мебел. Граѓаните кои тука живеат реагираат на грдата слика поврзана со хигиената во населбата и околу контејнерите. „ Од цел град се носи и никога не го интересира да преземе некој мерки или нешто“, вели еден од жителите кој сакаше да зборува на оваа тема. Жителите од населбата ја избегнаа камерата на ТВМ за јавно да прозборат за овој сериозен комунален проблем, но зад објектовот на камерата бараат дислокација на прес контејнерите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top