Ознака: отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад

Post Views: 2 Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид (градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад). Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се 60 информативни табли на локации црни точки кои во многу наврати се темелно расчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше. Ги потсетуваме граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата...

Continue reading

Во Охрид и Струга се одржува Меѓународна конференција за управување со цврст отпад

Post Views: 1 Во Охрид и Струга се одржува Меѓународна конференција за управување со цврст отпад. Целта на конференцијата е да покаже дека бизнис заедницата и државните органи, вклучувајки ги невладиниот сектор и медиумите, се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел во заштита на животната средина. Во земјава годишно на депониите околу градовите завршуваат 700 тони комунален отпад според задолжитечните извештаи на комуналните претпријатија. Но, нема статистички податоци колкави количини електричен, елкстронски или пластичен отпад завршуваат на депониите, вели...

Continue reading

СЕ ЧИСТИ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И КРАЈБРЕЖЈЕ ОД ОТПАД

Post Views: 4 Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење за заштита на животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато на почетокот на акцијата за чистење на Охридското Езеро и крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како дел од акцијата „Чисто како дома исто“. Градоначалникот, Константин Георгиевски кој даде директна поддршка и заедно со нуркачите од клубот за подводни дејности „Охрид“ нурна во езерските води од каде се вадеше отпад , непосредно пред почетокот на акцијата во изјава...

Continue reading

450 метри кубни отпад дневно собира ЈП Охридски комуналец во шпицот на сезоната

Post Views: 0 Деновите кога Охрид го живее шпицот на туристичката сезона и кога во градот на разни локации се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ во еден ден посдигнуваат и по 450метри кубни отпад. Ова јавно претпријатие е максимално ангажирано 24 часа со сите свои технички и човечки ресурси. Покрај тековните активности околу подигувањето на сметот и одржувањето на јавната чистота и зеленило, се справуваа и со мега концертите во поранешната касарна и на стадионот „Билјанини Извори„. „Се разбира дека концертите бараат покрај оние...

Continue reading

Тони отпад завршуваат на дното на езерото, алармираат нуркачите од Акватек

Post Views: 8 Тони отпад на дното на Охридското езеро. Најстарото и најдлабокото езеро во Европа, познато по својата проѕирност и чиста вода секојдневно се загадува од несовесните граѓани. Кој  реновирал купатило, расчистувал  двор и слично отпадот наместо на депонија го фрла во езерото. Почнувајќи од пластични шишиња,  кеси , лименки, преку градежен шут до шпорети, болјери , кревети. Езерото е затрупано со секаков вид отпад.  Деновиве нуркачите од клубот „Акватек“ алармираат за несовесното однесување на поединци,  кои за жал ги има во голем број и прават ненадоместлива штета на ...

Continue reading

Комуналец подига 25 метри кубни отпад дневно од стар град

Post Views: 1 Службите за јавна хигиена од ЈП Охридски Комуналец во овие летни месеци се справуваат со енормни колични отпад. До нашата редакција пристигнаа реакции поткрепени со фотографии од неподигнат отпад во делови од стар град. Не е точно дека не се подига навреме комуналниот отпад во стариот дел од градот каде што покрај мештаните се сконцентирани голем број угостителски објекти, но и апартмани и други сместувачки капацитети, тврди Ѓорѓи Мартиноски, ракводител на службата за одржување на јавна хигиена. Мартиноски вели во Варош се собираат дневно и до 25 метри кубни отпад. Но,...

Continue reading

Божиноски: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад

Post Views: 1 СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески и натаму одат спротивно препораките на УНЕСКО за Охрид. „Европски“ Охрид треба да има нула отпад. Но, се случува сосем спротивното, истакнаа денес на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинија дека ЈП „Охридски Комуналец“ на незаконски начин депонира отпад на Мауцкер, рече Перчо Божиновски, портпарол О.К. ВМО – ДПМНЕ. „ Власта на СДСМ се однесува неодговорно и на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре на Мауцкер. Рано наутро без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“....

Continue reading

Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер

Post Views: 3 Станува се поизвесна изградбата на фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер. Овој проект е одобрен уште во 2016 год., а минатата и оваа година интензивно се работеше на негово комплетирање. Моментално се прават калкулации дали еколошката фабрика за отпад ќе ја гради општината или приватни компании.До овој момент од Локалната самоуправа и ЈП Комуналец сите наши задачи се завршени. Чекаме на партнерот, Р.Грција кој ги обезбедуцва средствата да ја комплетира документацијата за проектот, вели Љупчо Грданоски- директор на ЈП „Охридски Комуналец“.Со изградбата на фабриката...

Continue reading

akcija

Помалку отпад за поатрактивни туристички локации

Post Views: 0 Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации. Првата акција за чистење започнува на 4 мај во Демир Капија со чистење на пешачите патеки од Демир Капија до Чифлик и Демир Капија до село Клисура а се во организација на Македонија Травел...

Continue reading

Охрид доби електрично возило за собирање комунален отпад

Post Views: 1 Охридското Ј.П.„Охридски Комуналец“ набави специјалното возило на електричен погон за собирање на ситен отпад и празнење на корпите кои се поставени за оваа намена по чаршијата и пешачките зони во централното градско подрачје. Електромобилот е набавен од сопствени средства, лесен е за ракување, не создава бучава и не го загадува воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користи во најфреквентните делови на градот. Пред почетокот на туристичката сезона корпите ќе се празнат во една смена во текот на денот, а во екот на туристичката сезона во две смени. Дефинирана...

Continue reading

Доколку се следат препораките на УНЕСКО, последниот камион отпад на Буково треба да пристигне до крајот на 2020 година

Post Views: 0 Во тој случај Охрид останува без локација каде да го депонира отпадот. Оваа година Југозападниот плански регион мора да изнајде решение за изградба на регионална депонија. Екологистите остануваат на ставот дека предложената локација кај Дебарца е погрешна бидејќи општината е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро. Според препораките на Унеско, депонијата во Буково треба да биде затворена до крајот на 2020 година. Со тоа Охрид ќе остане без можност каде да го депонира отпадот доколку во нареднава година Југозападниот плански регион не изнајде решение за...

Continue reading

Пластичните кеси одат во „отпад“

Post Views: 1 Од 1 декември стапува на сила забрана за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон. Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад, што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини, на прес-конференција во Владата, а откако регулативата неодамна беше „комплетирана“ во Собранието. Нуредини рече дека со донесувањето на новите закони се овозможува премин кон циркуларна екомонија, како еден од стандардите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top