Помалку отпад за поатрактивни туристички локации

Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.

akcija

Првата акција за чистење започнува на 4 мај во Демир Капија со чистење на пешачите патеки од Демир Капија до Чифлик и Демир Капија до село Клисура а се во организација на Македонија Травел и локалните власти. Во Крушево акциите се одржуваат на 6 и 7 мај со чистење од Крушево до Мечкин Камен и кај Крушевско Езеро во организација на Хели Клуб од Крушево. На 6 мај во организација на Грашница и Go Green во Охрид се организира чистење на патеки на планината Галичица, додека на 7 мај на 4 локации кои ги вклучуваат Горица 2, Заливот на коски, с.Елшани и во градот Охрид, додека на 8 мај акциите завршуваат со финална акција за чистење во Скопје и Маврово.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top