Ознака: отпад

Акција за кабаст отпад во населба „Гоце Делчев“ („Бараки“)

Post Views: 2 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.04.2019 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 7.00 часот 13.04.2019 год. и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.075/495-428 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го...

Continue reading

На нашите депонии се согоруваат и до 80 проценти од создадениот отпад

Post Views: 0 Дадени се национални цели за намалување на домашниот отпад кој завршува на депониите на долгорочен период во периодот 2025 -2030 година. Отпадните гуми, текстилот, отпадните масла и пластиката е предвидено со новиот Законот за управување со отпад и отпад од пакувања да се селектираат во секое домаќинство, напоменува екологот Ѓоко Зороски. Потсетува дека во развиениот свет отпадот е секундарна суровина и влегува во процесот на производство, а кај нас отпадот е ѓубре и се согорува. Наместо 30 посто од целкупниот создаден отпад од домаќинството да заврши на депониите најчесто...

Continue reading

deponii

Дивите депонии реален проблем во струшкиот регион

Post Views: 7 Дивите депони реален проблем во струшкиот регион. Градежен шут, стара покуќнина, санитарии, остатоци од храна, и што уште не може да се забележи покрај патот за влез и излез од Струга. Сликата од терен говори дека стружани речиси и да не ја ценат работата на ЈП, бидејќи на очиглед на сите, тие по старите лоши навики одлагаат секаков вид на смет посебно градежен шут, на кого каде ќе му текне само да е надвор од неговиот двор. „Претежно ние како ЈП ги имаме тие проблеми, значи несовесни граѓани фрлаат претежно градежен шут и на некој начин дивите депонии ни се се поприсутни...

Continue reading

makedonija

„Македонија без отпад“

Post Views: 10 На 18-ти Октомври 2014 година ( сабота) во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Републиката ќе се одржи националната акција за чистење на околината  од отпадот кој се наоѓа лоциран на несоодветни места. Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и  со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации,  Здруженија на граѓани и месното население. Целта  на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18-ти Oктомври 2014 година организирано и што по масовно да се вклучат граѓаните...

Continue reading

tabela

Колку ѓубре прават македонците?

Post Views: 1 Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2013 година изнесува 792.785 тони, а годишното количество создаден комунален отпад по жител изнесува 384 килограми, што е за 0,6 отсто повеќе од истото количество во 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму информираа дека вкупното количество собран комунален отпад во Македонија во 2013 година изнесува 554.938 тони. Споредено со 2012 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0,1 отсто. Од вкупното количество собран комунален отпад, 439.571...

Continue reading

На Мауцкер ќе се гради фабрика за отпад

Post Views: 0  Додека се чека изградбата на  регионалната депонија, најавувана децении наназад,  градот  мора да најде решение за сметот. Веќе се работи физибили студија, која на долг рок ќе го реши проблемот со диви депонии што  никнуваат на секој чекор.Се прават калкулации дали еколошката фабрика  за отпад, по теркот на европските земји каде сметот  е бизнис, ќе ја гради општината или приватни компании. „Ако ние имаме една фабрика за отпад во близина на градот кој што секаде во светот е познато дка се еколошки  фабрики за отпад во тој случај ние ќе имаме едно комплетно решение....

Continue reading

Нови корпи за ситен отпад

Post Views: 4 Eкипите на ”Ј.П. Охридски Комуналец ” започнаа со замена на старите и дотраени корпи за ситен отпад со нови. Беа заменети 10 корпи во паркот кај градското пристаниште а во наредните денови ќе се врши замена на корпите за ситен отпад и на останатите места.

Continue reading

Полни корпи со ѓубре, расфрлан отпад на Оровничка плажа

Post Views: 2 Преполни корпи со ѓубре, расфрлан отпад насекаде. Ваква е денес глетката на едно од најубавите места на Охридското крајбрежје, поточно на Оровничка плажа, каде што голем број жители на околните места одат на прошетка и уживање. Но несовесните лица, од ова прекрасно место повторно направиle вистински хаос. Сликите ни ги испратија жители на Оровник, кои секојдневно се рекреираат на Оровничка плажа, а ова е нивниот коментар: Скоро секој ден доаѓаме тука да уживаме, да се рекреираме и да дишиме чист воздух. Но како ќе биде тоа, со толку многу ѓубре кое секако го оставиле...

Continue reading

Чистењето на езерото од цврст отпад дава резултат

Post Views: 0 Охридските нуркачи успешно ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро. Пред самиот почеток на летната туристичка сезона Клубот за подводни дејности „Охрид“ и членовите на НК Амфора вчера на потегот од градското пристаниште до Канео го чистеа езерото од од цврст отпад. „Секоја година од дното на езерото вадиме многу цврст отпад но можам да потенцирам дека последниве години имаме се помалку отпад, што значи дека овие акции и тоа како придонесуваат за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на Охридскот Езеро“ – вели Милутин Секулоски...

Continue reading

struga

Што му остана на Комунално, Струга?

Post Views: 1 Што му преостанува во иднина да работи на ЈП „Комунално“, прашуваат од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга. Засега имаме лош квалитет на услугите, а граѓаните на Струга мора да ги заинтересираме со цел да помогнат, заеднички да делуваме кај советниците за да се подобри јавната хигиена и управувањето со отпад, вели Димитри Голабоски од извршната канцеларија на здружението. За него неразбирливо е како може Комуналното претпријатие од Струга постојано да се соочува со тешки економски состојби и тие состојби да ги решава со делегирање на надлежности и со продажба...

Continue reading

dokument petko

Концесија или јавно-приватно партнерство

Post Views: 3 Што ќе донесе ЈПП за три комунални дејности на ЈП „Комунално“, Струга? Подобар квалитет на услугите или повисоки цени. Мислењата на стружани околу оваа проблематика поделени. Како што ТВМ веќе информираше, кванташкиот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, отидоа во рацете на два ДОЕЛИ од Велешта „Бени Маркет“ и „Албафокс“  и една на „Сити Логистик“ од Скопје. Додека во Македонија на прсти можат да се избројат успешно спроведени постапки за јавни приватни партнерства, Комунално од Струга за нецела година ја спровело постапката за вакви партнерства...

Continue reading

raskrsnica

Комунално – Струга, во тајност чува информации

Post Views: 0 На последната седница, Советот на општина Струга даде зелено светло за Одлуката за усвојување на извештајот и одобрување на склучување на договор за Јавно приватно партнерство на ЈП „Комунално“, Струга. Договори се склучени со доелите „Бени Маркет“ и Албафох“, и двете од Велешта и „Сити логистик“, од Скопје, како единствени фирми понудувачи. Но од ЈП по се изгледа во тајност ги чуваат информациите за текот на спроведување на самата постапка за јавно приватно партнерство. „Раководителот на одделението за набавка и комерција Васко Лазороски, преку кое одделение течела...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top