Што му остана на Комунално, Струга?

Од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга, по неодамнешната одлука на Управниот одбор на ЈП „Комунално“ да отстапи дел од своите дејности на приватни фирми, прашуваат: Што во иднина му останува да работи на  Комунално Струга?

 |  Николоска Биљана  | 
struga
струга

Што му преостанува во иднина да работи на ЈП „Комунално“, прашуваат од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга. Засега имаме лош квалитет на услугите, а граѓаните на Струга мора да ги заинтересираме со цел да помогнат, заеднички да делуваме кај советниците за да се подобри јавната хигиена и управувањето со отпад, вели Димитри Голабоски од извршната канцеларија на здружението. zdruzenieЗа него неразбирливо е како може Комуналното претпријатие од Струга постојано да се соочува со тешки економски состојби и тие состојби да ги решава со делегирање на надлежности и со продажба на имот.  Според него причината за таквата состојба лежи во превработеноста во ЈП кое настанала на еден или друг начин, како и во лошата политика со управување отпад или поточно со хаосот во управување со отпад на општина Струга.

„Тоа е на дирекна штета на вработените во ова претпријатие и сите нас граѓаните не прави заложници на лошата политика на управување со отпад на општина Струга. Наша намера е да ги заинтересираме граѓаните затоа што УО на ЈП и советниците и општинската администрација немаат намера да се грижат повеќе од она досега па затоа граѓаните тука мора да се вклучат да се заинтересираат и нашата намера е тоа да го поттикнеме тоа бидејќи грешната  политика на крај долгорочно лошо ќе се одрази врз нашата општина и јавната чистота“– нагласи Голабоски.

Голабоски според нивните видувања за работата на комуналното претпријатие од Струга изјави дека по се изгледа ова претпријатие се обидува да ги намали обврските а при тоа да ги задржи привилегиите со цел да ја одржи превработеноста во ова ЈП. Па отука Голабоски наметна уште едно прашање, „како е можно во Охрид едно ЈП да опслужува една општина, со двојно помалку вработени по жител во споредба со Струга и со скоро двојно пониска цена на услугата“?

zdruzenie„Малкумина знаат но од 64 илјади жители колку што брои општина Струга, ова ЈП опслужува околу 18 илјади жители или 28% од вкупното население а тоа го прави со 120 вработени. Колку за споредба Охридски Комуналец од Охрид на 18 илјади жители има ангажирано 67 вработени што е половина вработени во споредба со Струга. Ако се земе во предвид и цената на услугата за прибирање на отпад која што за физички лица за Охрид изнесува 2,4 ден по метар кубен а за Струга 4 денари што исто така испаѓа дека охриѓани плаќаат двјно пониска цена од стужани“- вели Голабоски.

Инаку, во согледување и утврдување на состојбата во ЈП „Комунално“ и работата на советот на општина Струга од здружението „Аква“ работеле три години. Во текот на истражувањето се соочиле со недоволна транспаретност, отчетност и непостоење на јавни документи.
Голабоски вели дека во текот на 6 годишното постоење на здружението за развој и активизам „Аква“, институциите посебно во Струга делумно одговараат на барањата  за пристап до  информации од јавен карактер.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top