На нашите депонии се согоруваат и до 80 проценти од создадениот отпад

Отпадот од домаќинствата во развиените земји е секундарна суровина, а кај нас завршува на депониите. Законот за управување со отпад предвидува  селектирање на сите видови отпад, но поголемиот дел од граѓаните тоа не го применуваат во пракса.

 |  Валентина Неловска  | 

Дадени се национални цели за намалување на домашниот отпад кој завршува на депониите на долгорочен период во периодот 2025 -2030 година. Отпадните гуми, текстилот, отпадните масла и пластиката е предвидено со новиот Законот за управување со отпад и отпад од пакувања да се селектираат во секое домаќинство, напоменува екологот Ѓоко Зороски. Потсетува дека во развиениот свет отпадот е секундарна суровина и влегува во процесот на производство, а кај нас отпадот е ѓубре и се согорува.

Наместо 30 посто од целкупниот создаден отпад од домаќинството да заврши на депониите најчесто завршуваат 70 до 80 проценти.Затоа има проблем со депониите кои не се градени по Европски стандарди – вели Зороски.

Екологистите стравуваат дека кај нас проблем се и ќе бидат пет амбалажата, пластичните шишиња и другата пластика која не може да се рециклира. Еколошки проблем гледаат и во согорувањето на отпадниот текстил.

За текстилот сеуште нема решение во нашата држава. Се исфрла на депонија и се согорува. Во странство наоѓа примена во разни технолошки  процеси и се обработува. Служи за изградба на мембрани во градежништвото или за други намени. Наоѓа примена, а кај нас завршува фрлен на депонија – додава Зороски.

Екологот Зороски препорачува процесот на селекција на домашниот отпад да се забрза. Во таа насока општините кадровски да се подготват со зголемен број на инспектори и кадри, како и да издвојат повеќе средства во буџетот за заштита на животната средина.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top