Post Views: 1
Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица Втора....
Post Views: 5
За надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, ЈП „Охридски Комуналец” изготви годишен календар на акциите за подигање ваков вид отпад, опфаќајќи ја секоја урбана заедница во градот.
Се надеваме дека граѓаните ќе ги препознаат нашите заложби за чиста и здрава средина која не опкружува, без отпад одложен покрај садовите за одложување на комунален отпад и ќе се придржуваат до горе дефинираната динамика на акциите – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Post Views: 10
Овој пат покуќнина заврши во водите на реката Грашница по нејзиното течение по ул. „Ариф Мустафа”. Со ангажирање на специјална механизација кабастиот отпад е подигнат од речното корито.
Се интервенираше и кај мостот на реката Сушица, на пресекот со ул. „15-ти Корпус”, каде се подигнати големи количини тешко разградлив отпад и разновиден шут.
Post Views: 4
Наш сограѓанин ни испрати слика од плажата во непосредна близина на Куба Либре, а ова е неговиот коментар.
–Откако нема концесионери на плажите, никој не се грижи за чистотата.
Post Views: 4
На патот за Горно Коњско нашите читатели забележаа градежен шут и кабаст отпад. Сликите веднаш ни ги испратија за рубриката „Ти си твојот град“ со коментар:
–Лоша појава, кабаст отпад и градежен шут на патот за Горно Коњско.
Post Views: 5
Жителка на позната населба во Охрид испрати фотографија од преполни контејнери со отпад. Ова е нејзиниот коментар:
–Сите се грижиме за чиста и уредена околина на Охрид. Се трудиме да правиме селекција на отпад, стакло и пластика. Барем за тоа имаме контејнери за да го селектираме стаклото и пластиката. Апел до компаниите кои се задолжени за сервисирање на контејнерите, барем во летниот период да го прават тоа почесто, барем еднаш неделно.
Post Views: 1
Денес за жал ја имаме оваа непријатна глетка. Уништени јавни добра, расфрлан отпад…Сликите ни пристигнаа од наш сограѓанин кој се вклучи во проектот „Ти Си Твојот Град“.
Post Views: 6
Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18-ти декември, сабота, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон.
Се молат граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат до 18-ти...
Post Views: 21
Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 л за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид.
Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“, „Кочо Рацин“, „Климентов Универзитет“ и „Браќа Миладиновци“.
Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Р.Е. „Механизација“ на ул. „АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи...
Post Views: 9
Во некои од селата во средна Дебрца, деновиве пристигнаа кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот „Унапредување на општинското владеење“’, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Исто така дел од кантите се распределени и во селата од Горна Дебрца ( Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново ). Садовите за собирање на комнален отпад се распоредени врз основа на претходно утврден план од Јавното претпријатие и се поставени на јавни површини, со што и во овие села...
Post Views: 13
За да ги евидентира инспекциските податоци за прекуграничните пратки (TFS) отпад на самото место, ЕУ проектот LIFE SWEAP во 2021 година разви апликација за известување за податоци за инспекција за мобилни уреди.
Апликацијата е наменета за инспекторите и службениците за спроведување на законот во ЕУ да ги евидентираат нивните инспекции на пратките на отпад и да им овозможат на нивните организации да имаат целосна евиденција за инспекциите, откриените прекршувања и дејствијата за следење.
Build-in е, исто така, систем за означување со кој инспекторите или службениците...
Post Views: 1
Отпадот од дивата депонија во Струга ќе се транспортира во скопска Дрисла, за 40 дена. Сеуште е отворен јавниот тендер со кој општина Струга избра компании кои ќе се погрижат конечно да се реши овој горлив проблем. Дашмир Насуфи од општина Струга појснува како ќе се одвива целата постапка околу оваа проблематика.
„Првиот дел е конструкција на местото монтажа, и за тоа има заинтересирано едан компанија ов Струга, вториот дел е конзервирањето на сметот, тука конкурираа две компании и третиот дел е транспорт за Дрисла, каде конкурираше само една компанија“
Вкупната сума...