Комуналец подига 25 метри кубни отпад дневно од стар град

Од ЈП апелираат жителите и угостителските објекти во стариот дел од градот комуналниот смет да го изнесуваат во времето кога поминуваат нивните возила. Без соработка со граѓаните и угостителите не може да имаме слика за чист град, велат од ЈП.

 |  Валентина Неловска  | 

Службите за јавна хигиена од ЈП Охридски Комуналец во овие летни месеци се справуваат со енормни колични отпад. До нашата редакција пристигнаа реакции поткрепени со фотографии од неподигнат отпад во делови од стар град. Не е точно дека не се подига навреме комуналниот отпад во стариот дел од градот каде што покрај мештаните се сконцентирани голем број угостителски објекти, но и апартмани и други сместувачки капацитети, тврди Ѓорѓи Мартиноски, ракводител на службата за одржување на јавна хигиена. Мартиноски вели во Варош се собираат дневно и до 25 метри кубни отпад. Но, без соработка со граѓаните и угостителските објекти не можеме да имаме релана слика за аншето работење, додава Мартиноsки и повикува на меѓусебна соработка во интерeс на туризмот. Појаснува дека поради зголемениот обем на работа претпријатието работи од 6 часот и апелира граѓаните да го почитуваат времето на собирање на сметот и навреме да го одлагаат отпадот.

„Секојдневно се врши подигање по два пати во денот. Во раните утрински часови и попладне по 17 часот. Со две возила набавени специјално за тој дел од градот“, вели Мартиноски.

Службите на ЈП Комуналец се среќаваат и со несоодветно паркирани возила кои ги попречуваат комуналните возила навреме да си ја вршат работата. Редовно се подига и сметот од хотелските објекти и плажите на охридското крајбрежје од Славија,Пeштани, Tрпeјца, Љубаништа, Св. Наум , напоменува Мартиноски.

„Заради зголемениот обем на работа ЈП има воведено трета смена од 22 часот. ЈП го собира комуналниот отпад в долж крајбрежјето од хотелските комплекси и во туристичките населби. Така по 22 часот нашите возила го подигаат сметот на потегот Охрид – Св Наум.

ЈП Охридски комуналец за собирање на отпадоците од кантите низ чаршијата , Кејот и пешачката патека кон Горица има набавено и специјално, електрично  возило кое ефикасно и непречено се движи и работи.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top