Се менува навиката за селектирање на отпад кај охриѓани

 Се менува навиката за селектирање на отпад кај охриѓани. Во специјално поставените садови во разни делови од градот досега најмногу се селектира хартија, а најмалку стакло. Се размислува за поставување на нова линија за секундарна селекција.

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП Охридски комуналец и Пакомак од Скопје на територија на Охрид имаат поставено 60 кафези за хартија , 45 специјални садови за стакло и 13 за одлагање на ПЕТ амбалажа и лименки. На депониите и понатака завршуваат големи количини на текстил и лименки. Свеста за селектирање на отпадот кај граѓаните полека се менува и се подобрува, информира Слободан Рапешоски од РЕ Механизација од ЈП Охридски комуналец. Иако 50 посто од собраниот отпад може да се селектира и да се преработи засега се селектира само 20 посто од отпадот, вели Рапешоски.

„Најмногу се селектира хартијата. Пред неколку години почнавме сами со поставување на кафези да ја селектираме хартија. Ги имаме опфатено сите големи маркети и продавници. Следува пластиката додека стаклото помалку се селектира“, напоменува Рапешоски за навиките на еколошки освестените граѓани.

Од ПАКОМАК Скопје, друштво за управување со пакување и отпад од пакување, се задоволни од соработката со ЈП Охридски комуналец. Од 2012 година кога започнала соработката охридското комунално претпиријатие во 2017 година Комуналец е на самиот врв во земјава по собран селектиран отпад, посочува Игро Макалоски оперативен менаџер од ПАКОМАК.

„ Количините на собран отпад од пакување во континуитет растат. Разговаравме за дополнително поставуавње на линија за секундарна селкција.Тоа би значело она што е собрано во овие контјенери како амбалажен отпад дозволува да се доселектира на плацеви на Охридски комуналец. Тие може во перспектива да остварат добивка од доселектирање нн отпад во полза на јавното претпријатие“, посочува Макалоски .

Со поставување на садови за селектирање на отпад им се дава можност на граѓаните да се вклучуваат и да учествуваат во управувањето со отпадот. Само со добрата организација и едукација на граѓаните за селекцијата на отпадот ќе постигнеме помало загадување на околината добивање бенефит од отпадот кој завршува на депониите, напоменуваат од Пакомак Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top