• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЕД Грашница со алтернатива: Да се засили селектирање и рециклирање на отпад наместо изградба на депонии

ЕД Грашница со алтернатива: Да се засили селектирање и рециклирање на отпад наместо изградба на депонии

Еколозите од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е селектирање и рециклирање на отпадот. Сугерираат да се искористат пари не само од европските фондови туку и средства за заштита на Дримскиот басен преку изработка на еколошки проекти.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските еколози од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е да се продолжи со веќе започната селекција за собирање и рециклирање на отпадот од јавните и приватните претпријатија. Алтернативата ја гледаат преку едукација и пропаганда да се продложи со рециклирањето на отпадот и да се добива економски бенефит. На терен ги имаме садовите за собирање на отпад, а може да им се помогне и на собирачите на отпад, вели Стојаноски.

„Наместо да се дадат 40 милиони евра за депонија во Дебрца или некаде во Македонија за останатите 6 депонии, тие пари може да се распоредат на фирми и поединци, приватни фирми и со малку пари ќе може да кажеме дека и ние сме Запад во тој дел“, кажува Стојаноски за нивната алтернатива.

Од Грашница укажуваат на досегашната незаинтересираност и незнаење од страна на институциите како да се искористат пари од различни фондови за да се управува со отпадот и да се намали еколошката загаденост. Стојаноски го споменува проектот Дримски басен и последниот состанок минатата година кога за 2018  година биле најавени пари во висина од 250 милиони долари за изработка на проекти од најразлична инфраструктура за да се спречи загадувањето на Дримското сливно подрачје, потсетува Стојаноски.

„ За жал од делегацијата од Охрид , само  од ЕД Грашница бевме единствени , немаше претставници од Локалната самоуправа. Информациите ги немаат дека може да се аплицира со квалитетни поректи и проблемот може да се реши во сите обалсти се што е сливно подрачје на реката Дрим. И Дебрца има можности но некој треба да побара и да се работи на тоа“, укажува Стојаноски.

Од ЕД Грашница напоменуваат дека доколку нема отстапки од изградбата на регионалната депонија во овој регион тогаш хипотетички прашува зошто на досегашана депонија кај Буково не би била изградена софистицирана фабрика за преработка на отпадот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top