Ознака: општа

свр

Шест лица приведени за тепачка во кафе бар и во Општа болница Охрид

Post Views: 1 Охридската полиција приведе шест лица кои предизвикле тепачка во кафе бар и во општа болница Охрид. Настанот се случил во 1 часот по полноќ, кога под дејсво на алкохол четири лица во охридски кафе бар по меѓусебна расправија започнале физички да се пресметуваат со тупаници, чаши и шишиња. Тројца од нив на возраст од 18, 25 и 40 години  завршиле на хируршкото оддление. Тројца доктори  истовреме хируршки интервенирале на повредените пациенти во пределот на главите, немало пациенти  со прострелни рани, информираше хирургот Димитар Арнаудов. „ Повредените изгледаа како...

Continue reading

radiologija

Студена чекaлна на охридска радиологија

Post Views: 1 Одделението за радиологија при Општа болница Охрид е ладно и нема санитарни јазли. Пациентите реагираат дека во сред зима во чекалната премрзнувале со саати. Овој проблем не е нов и е добаро познат на раководството на оваа установа. Првиот човек Љубен Арнаудов, појаснува дека  објектот каде што се вршат рентген снимања е многу стар и тешко дека за брзо време работите во тој дел можат да се променат. „Таму таваните се високи по 5-6 метри, огромни простории се и во најдобар случај не можат адекватно да се загреат, плус чекалните се директно на ладен воздух, бидејќи постојано...

Continue reading

moj termin

„Мој термин“ во Охрид, функционира добро

Post Views: 18 Мал број  пациенти не се јавуваат на закажаниот преглед од Мој термин, во охридската болница. Како што информираат од таму, секој ден со оваа Владина мерка се извршуваат по 24 прегледи, на сите одделенија од Општа болница Охрид. Д-р Лилјана Ангелеска нагласува дека досега проектот одлично функционира, малку биле отстапките кај пациентите да не дојдат на закажаниот преглед, посебно на интерно одделение и смета дека кај пациентите дава позитивни ефекти. „Пациентите закажани на термин 90% доаѓаат, евентуално можат да закаснат малку меѓутоа добро функционира, некои од пациентите...

Continue reading

петарди

Воздржете се од употреба на оружје и пиротехнички средства за време на празниците

Post Views: 0 Неовластената употреба на пиротехнички средства и оружје на јавно место представува општа опасност со која се  загразува сигурноста на сите граѓани. Со таквото дејствие се врши кривично дело и прекршок кој е санкциониран со позитивните законски прописи. Полицијата во наредниот период ќе презема засилени мерки и активности заради одржување на поволна безбедносна состојба и против лицата кои употребуваат било каков вид на оружје и пиротехнички средства ќе се преземаат предвидените законски мерки, апелираат од СВР Охрид. ОРУЖЈЕТО И ПЕТАРДИТЕ СЕ ОПАСНИ ПО БЕЗБЕДНОСТА НА...

Continue reading

bolnica

Нова програма во болничките установи

Post Views: 8 Директорот на Општа болница Охрид, еден ден во неделата после работно време, три часа ќе биде резервиран за пациентите и персоналот. Тоа го налагаат новините од Министерството за здравство вели Љубен Арнаудов, првиот човек на Општа болница Охрид. „Конкретно за нас определивме во четврток од 17 до 20 часот во мојата канцеларија можат да доаѓаат сите лекари кои имаат забелешки пофалби или поплаки исто и пациентите за било кој проблеми, кои сметаат дека ги имаат и дека можат да се решат тука можат да доаѓаат. Ние сме должни тоа јавно да го објавиме на огласни табли“ –...

Continue reading

bolnica

Современ гастрокабинет доби охридската болница

Post Views: 10 Во охридската болница започна да работи  ново  одделение за гастроентерохепатолгија. Започнаа да се прават дијагностичи прегледи за  заболувања на желудник, хранопровод, дванаесетпалачно црево, дебело и тенко црево. Набавен е современ видео столб за дигестивна ендоскопија, опрема  која недостасуваше за гастродијагностицирање на интерното одделение скоро пет години.   За работа во гастрокабинетото има едуцирано и 2 -ца доктори кои ќе работат со современата опрема како што се ендоскопот и колоноскопот, потенцира директорот на  општа болница Љубен Арнаудов. „ Овие две...

Continue reading

oprema

Rotary International донираше опрема за лекување на малите пациенти во охридската Општа болница

Post Views: 5 Детското одделение при Општа болница доби  неопходна медицинска опрема. Станува збор за донација во која има  ултрасонограф, педијатриска кардиолошка сонда, колор доплер со абдоменален и кардиолошки софтвер, електрокардиограф и други вредни апарати во вредност од 40.000 евра   донирани од  Rotary International. Голема благодарност за донацијата изрази директорот на Општа болница д-р Љубен Арнаудов. Добивме можност да поставуваме дијагнози и да го подобруваме начинот на лечење на пациентите и да не ги испраќаме во други центри, истакна д-р Арнаудов. „Најчесто пациентите...

Continue reading

logo

Вредна донација за детското одделение во Охрид

Post Views: 5 40.245 евра вредна медицинска опрема ќе биде донирана на Детското одделение при охридската Општа болница од страна на Ротари клубот од Охрид. Станува збор за донација реализирана со поддршка на Ротари фондацијата на Ротари Интернешнл и неколку ротари клубови од Италија, Шведска и Србија. Според најавите, на официјалната церемонија за примопредавање на опремата која денес ќе се одржи, ќе присуствуваат Ружди Муфти, претседател на Ротари клубот од Охрид и Леонардо де Анџелис, претседател на Ротари фондацијата во дистриктот 2072.Набавената нова опрема е од врвни странски...

Continue reading

tomograf

Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно

Post Views: 4 Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик.  Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па  имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика.  Во последните месеци имаше премногу пациенти и  работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со  неоправдани снимања...

Continue reading

dom

Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.

Post Views: 4 Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична,  но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во  Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство...

Continue reading

радиологија

Пациентите може да здивнат охридската болница вработи радиолог

Post Views: 12   Охридската општа болница од утре вработува радиолог. Болницата подолго време се соочува со недостаток од радиолози, но и од други специјалисти. На ова оддление е ангажирана само една докторка која работи на томографот. Минатата недела настанал проблем со кој  најзасегнати беа пациентите.  За да се надмине проблемот болницата досега ангажираше лекари од струшката болница,  доаѓаа по 14 часот за да ги читаат рендген снимките и покриваа приправност, напоменува д-р Љубен Арнаудов директор на болницата. „ Последната недела настана вакум, договорот престана, а  пациентите...

Continue reading

gerijatrija

Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите

Post Views: 1 Проширување на геријатриското одделение за подобрување на условите за престој на пациентите. Ова е желбата и планот на раководството на Општата болница од Охрид во чии рамки функционира ова одделение. Директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов вели дека тие имаат изработено план со цел да се реши повеќегодишниот проблем, а кој вклучува изградба на уште еден кат над постоечката зграда. Според д-р Арнаудов, архитектонските капацитети на зградата даваат можности за вакво решение. Целта според него, е да се изградат современи соби во кои ќе има по два кревети, односно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top