Ознака: општа

Saso Alce pres

Алче нема намера да се извинува

Post Views: 1 Не се смируваат разгорените страсти помеѓу Алче и Михаилов. Не престануваат ниту низата обвинувања, навреди и клевети на адреса Центар за Јавно здравје, ЈП „Охридски Комуналец“ и обратно. Причина, медицинскиот отпад кој деновиве работниците на ЈП Охридски Комуналец го затекнаа во контењер на ул Сирма Војвода“, во близина на болничкиот комплекс. „Прозван сум и должен сум да му одговорам на Михаилов, зошто не се вакцинирани вработените на ЈП“, вели Алче. Алче тврди дека во овој момент Михаилов го уценува ЈП со авансно плаќање за извршување на вакцинирањето. Тој го потсети...

Continue reading

med nurse

Отворено писмо од медицинските сестри до директорот Арнаудов

Post Views: 2 Медицинските сестри со Високо образование од ЈЗУ Општа болница-Охрид испратија писмо до Телевизија ТВМ како реакција на изјавите на директорот на Општа болница искажани во прилог за Дневникот од 06.02.2012. Во отвореното писмо стои: Почитуван директоре Г-дин Арнаудов Ние медицинските сестри со завршена Висока медицинска школа на Универзитетот “Св.Климент Охридски” од Битола, не можеме да го оствариме нашето право за признавање на Високото образование во институцијата во која работиме-Општата болница во Охрид. И покрај нашите барања до надлежните органи...

Continue reading

med sestra

Општа болница нема систематизација за медицинските сестри со високо образование

Post Views: 0 Медицинските сестри со завршена висока медицинска школа  се жалат дека охридската општа болница не им ги признава дипломите. Нагласуваат дека во систематизацијата на работни места го нема нивниот профил. Ова го потврдува и директорот на болницата д- р Љубен Арнаудов, кој појаснува дека тоа е став на болничкиот Управен одбор. Донесена е одлука  да не се плаќа високото образование се додека не се промени систематизацијата на работни места, вели д-р Арнаудов.„Во болницата по систематизацијата се плаќа работното место, а не според образованието. Сестрите кои  на работните...

Continue reading

krvodaritelska akcija FTU

„Имаш пет минути? Дарувај крв и спаси нечиј живот“

Post Views: 10 Студентите од ФТУ од Охрид денес ја покажаа својата хуманост на дело. Активно се вклучија во крводарителската акција која два пати годишно се спроведува во нивната устанува. Христина Божиновска беше еден од триесетината студенти која хуманиот импулс го спороведе на дело. Ова инаку е планирана крводарителска акција која се спроведува во оваа образовна установа, а е во организација на  „Црвениот крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид објасни Игор Тасески мотиватор за крводарителство при ОО на Црвениот Крст од Охрид. Тој ни објасни и која всушност...

Continue reading

proekt

Министерот Тодоров ја посети Опша болница

Post Views: 9 Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ја посети охридската Општа  болница и оствари средба со менаџерскиот тим. Тодоров при тоа најави негов личен ангажман за што поскоро надминување на проблемот околу реконструкцијата на старото болничко крило. „Станува збор за проблем на кој сум фокусиран уште од првиот ден од кога сум на чело на Министерството за здравство. Проблемот е во начинот на кој е изведена целата работа, проектот е прилично лошо направен и како резултат на тоа дојдовме до ситуација да размислуваме дали истиот да се реновира или целосно да биде урнат“,...

Continue reading

bolnica

Охридската болница повеќе од 12 часа беше во мрак, пацинетите нервозни

Post Views: 3 До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја. И други охридски пациенти во неможност да остварат телефонски контакт со болничката централа се прашуваа што се случува во болницата  дали станува збор за исклучување од електричната мрежа  за неплатен долг кон ЕВН или пак станува збор за дефект.Информацијата дека  болничкиот комплекс останал без струја повеќе од 12 часа ја потврдуваат и од ЕВН  и од болницата.Синоќа, болничкиот...

Continue reading

tomograf

Охидската општа болница се поднови

Post Views: 6 Сериозно внимание за здравството, приоритет на Владата на ВМРО – ДПМНЕ. Охидската општа болница се поднови Денес свечено пуштен во употреба компјутерски томограф во вредност од 800 000 евра, во кои учествуваше и болницата со средства во вредност од 30 000 евра. Црвената лента по повод пуштањето во употреба на томографот, ја пресече носителот на листата на 5 тата изборна единица Антониот Милошоски, во присуство на докторската фела од речеиси сите здравствени установи во градот. Целиот регион вклучувајќи ги и пациентите од Албанија, отсега ќе имаат можност да ги почуствуваат...

Continue reading

chingoski

Оставка за Арнаудов

Post Views: 0 Маските паѓаат. Нацистичките слики на партиски членови на СДСМ, кои неодамна осамнаа на огласната табла во Општа болница Охрид, сеуште не ги приземјуваат политичките страсти, во градов. Најново е тоа што цехот за овој непуларен настан падна на грбот на самохрана мајка вработена во оваа установа. Таа денес добила решение за преместување на работното место, под изговор на првиот човек на институцијата директорот Љубен Арнаудов, оти таа на новинарот кој ја пласира оваа информација, му го дошепнала тоа. Пратеникот од редовите на СДСМ, Томе Чингоски, вели дека со ова...

Continue reading

slika

Кој ја постави контроверзната слика во Општа болница?

Post Views: 4 Контроверзната слика која вчера се најде на огласната табла во управната зграда на Општата болница на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа, ги крена на нозе раководните лица на оваа установа. На денешната прес конференција тие целосно се оградија од поставувањето на сликата. Велат дека тоа е конструкција на СДСМ и Локалната самоуправа. „Постојаното омаловажување на вработените на Општа болница и менаџерскиот тим, од СДСМ и Локалната самоуправа само покажува до кое дереџе се дојдени како политичка структура.“-рече портпаролот на Општа болница-Д-р...

Continue reading

doktor

Незадоволни пациенти реагираат

Post Views: 14 Докторите на Одделението за уво, нос и грло при Општа болница Охрид, некултурни. Вака  се обвинети докторите Фетах и Беде од ова оделение, во допис од незадоволна пациентка кој деновиве стигна до нашата редакција. Меѓу другото во дописот стои, цитирам;„Премногу бев револтирана за да го премолчам ова и решив да ви пишам. На 21.01.2011 в0 12 и 30 часот бев во оделението за уво, нос и грло. на смена беа доктор Фетах и Др. Беде. Доктор Фетах во моментот беше зафатен со пациенти, па се упатив во празната ординација. Требаше преглед да ми изврши слободниот доктор, во случајов...

Continue reading

proekt za rekonstrukcija

Охридската болница прераснува во регионален центар

Post Views: 3 Акредитацијата е веќе добиена, па во периодот кој следи оваа установа ќе може да се пофали дека е само на чекор до тоа да стане клиника, вели портпаролот Д-р. Сашо Василески. Од раководството на болницата додаваат  дека, паралелено со нејзината реконструкцијата и опремувањето со најсовремена апаратура, интензивно се работи и решавање на кадровските проблеми и пречки. „Јас морам да констатирам дека минатиот период не е водена никаква аналитика во однос на старосната граница на нашите лекари. Охрид во моментов има највисока старосна граница на лекари. Многу од нив заминуваат...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Post Views: 20 Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top