Оставка за Арнаудов

Откриен и казнет кодошот во Општа болница Охрид. Жртва е самохрана мајка која доби прераспределба на работно место од страна на првиот човек на оваа установа Љубен Арнаудов, обвинуваат од ОО на СДСМ од Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
chingoski
Чингоски

reshenieМаските паѓаат. Нацистичките слики на партиски членови на СДСМ, кои неодамна осамнаа на огласната табла во Општа болница Охрид, сеуште не ги приземјуваат политичките страсти, во градов.

Најново е тоа што цехот за овој непуларен настан падна на грбот на самохрана мајка вработена во оваа установа.

Таа денес добила решение за преместување на работното место, под изговор на првиот човек на институцијата директорот Љубен Арнаудов, оти таа на новинарот кој ја пласира оваа информација, му го дошепнала тоа.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Томе Чингоски, вели дека со ова се открива вистинското лице на Груески и преродбениците, кои на ваков начин го изразуваат својот револт пред својот претпортокалов бал.

Tome ChingoskiЧингоски бара оставка од Арнаудов. Според него реваншизмот е неправедно спроведен и бара уште еднаш од Арнаудов, да се преиспита во постапката посебно кога се работи за ранлива категорија на индивидуи.

Од ОО на СДСМ не застануваат тука. Од таму велат дека во наредниве денови ќе го откријат и името на замената која е направена на местото од самохраната мајка, за која се смета дека е близок член на висок партиски функционер од ВМРО – ДПМНЕ.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top