Ознака: општа

Изведен сложен гинеколошки зафат на одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид

Post Views: 2 На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи. Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот.Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди. Оперативниот тим беше предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан...

Continue reading

Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид

Post Views: 1 Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески.Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар...

Continue reading

Јапонска донација мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница Охрид

Post Views: 0 Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение.Во рамките на иницијативата...

Continue reading

Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч

Post Views: 41 Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч. Причина за тоа е заразната болест морбили од која половина од вработените се заразени и се на боледување. Ова е предлог на Комисијата за хоспитални инфекции, хирургија да се стави под карантин, изјави раководителот на одделението д-р Владимир Кочоски. „ На хируршкото одделение да не се примаат болни. Морбилите се заразна болест која доаѓа во бранови, инкубацијата трае 10 дена, едни се разболуваат, други доаѓаат на работа. Сега сме 50 проценти без персонал и не можеме да функционираме нормално како...

Continue reading

Охридската општа болница повторно се полни со пациенти со тешка клиничка слика на Ковид 19

Post Views: 3 Граѓаните се опуштија, се  организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот. Во моментов во општината има  397  активни случаи, но лекарите стравуваат од нов бран. Особено загрижува британскиот сој на вирусот кој  е за 70% позаразен а беше откриен кај охриѓанец кој се лекуваше во охридската болница.  „Добиваме  пaциенти кои се стварно со тешка клиничка слика, така да се уште  работиме по таа истата програма  како на почетокот. Пациентите се распределени на трите оддели на интерно, инфективно, геријатрија....

Continue reading

Охридската општа болница ќе се подновува со современа медицинска апаратура

Post Views: 4 ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница. „Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни...

Continue reading

Не работи компјутерскиот томограф во Општа болница Охрид

Post Views: 32 Не работи единствениот компјутерски томограф во Општа болница Охрид. Прегорен е резервен дел заради големата преоптовареност на одделот за рендген дијагностика. Од почетокот на годинава и во изминативе 10 месеци од пандемијата со Ковид 19 биле снимени седумнаесет илјади паценти од Охрид и регионов, вклучувајќи и пациенти од битолската болница, информира директорот Горан Балевски. „Потрошниот материјал престана да работи и ќе треба да се набави нова цевка. Целиот овој период томографскиот апарат беше единствениот апарат кој ги покриваше сите пациенти од ковид и од Струга,...

Continue reading

Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Post Views: 2 Сто пациенти се лекуваат во ковид центарот во општа болница Охрид во моментот. Половината од пациентите кои се на болничко лекување со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Засега има слободни кревети, лекови и кислородни боци инфромира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Опша болница Охрид. Директорот е сепак загрижен од неизвеснит тек на пандемијата по претстојните новогодишни и верски празници. Повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат. „Искрено стравувам многу сега почнуваат празниците. Охрид од Св Никола до...

Continue reading

Охриѓани да помогнат со почитување на мерките апелира медицинскиот кадар од Општа болница

Post Views: 3 95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде ставена...

Continue reading

Во моментов 111 пациенти се болнички згрижени од ковид 19 во охридската општа болница

Post Views: 1 Во Општа болница Охрид се лекуваат 111 пациенти од ковид 19 во моментов, информира директорот на болницата д-р Горан Балески. Во болницата има 5-6 слободни кревети во зависност од бројката на отпуштени и излекувани пациенти во текот на денот. Луѓето кои се лекуваат во општа болница се на возраст од 35 до 90 години. Имаме 40 паценти кои се на кислородна поддршка, а 20 тина пациенти се со потешка клиничка слика. „Сепак 111 паценти да примите не е лесно лекувањето. Во саботата имавме потрошувачка од 50 боци кислород. За еден ден, во текот на 24 часа беа потрошени по 40...

Continue reading

ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДРШКА ВО ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД

Post Views: 2 ОТВОРЕНА ЛИНИЈА ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ОХРИД. ЗБУНЕТИ СТЕ, ВОЗНЕМИРЕНИ, ЗАГРИЖЕНИ? ЈАВЕТЕ СЕ НА: *070 405 961* ОД 8 ЧАСОТ ДО 15 ЧАСОТ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД

Continue reading

Медицинска сестра од Општа болница Охрид почина од Ковид 19

Post Views: 0 Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска, родена на 29.09.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус COVID-19, објавија на  официјалниот профил на Facebook од ЈЗУ „Општа болница“- Охрид. „Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top