Алче нема намера да се извинува

Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче, нема намера да се извини на Центарот за Јавно здравје, поради изнесени лаги и клевети, како што вчера тоа од него го побара Атанаско Михаилов, директорот на оваа институција. Наместо тоа и тој се се закани со тужби.

 |  Билјана Николоска  | 
Saso Alce pres
Sasho Alce

Не се смируваат разгорените страсти помеѓу Алче и Михаилов. Не престануваат ниту низата обвинувања, навреди и клевети на адреса Центар за Јавно здравје, ЈП „Охридски Комуналец“ и обратно. Причина, медицинскиот отпад кој деновиве работниците на ЈП Охридски Комуналец го затекнаа во контењер на ул Сирма Војвода“, во близина на болничкиот комплекс. „Прозван сум и должен сум да му одговорам на Михаилов, зошто не се вакцинирани вработените на ЈП“, вели Алче.

Алче тврди дека во овој момент Михаилов го уценува ЈП со авансно плаќање за извршување на вакцинирањето. Тој го потсети директорот на Центарот за Јавно Здравје дека заедно со директорот на ЈЗУ Општа болница му должат на претпријатието околу 350 000 денари.

Saso Alce presАлче е категоричен кога станува збор за медицинскиот отпад. Според него, доказите, сликите и записниците се тука и зборуваат повеќе од се. Тој кажа дека и во изјавата на директорот на ЈЗУ Општа болница, Љубен Арнаудов, било кажано од каде потекнува дел од медицинскиот отпад. Алче и понатаму не верува во изјавите на Михаилов, кога се правда за постапката на уништување на медицинскиот отпад со автоклавирање.

Алче му порача на Михаилов, наместо да одржува пресови каде изнесува многу невистини, да тргне по примерот на Арнаудов, кој виновниците ги пронајде и санкционира. Според него излегувањето на Михаилов во одбрана на својата институција на прес конференција е навреда на охридската интелегенција. Алче, исто така јавно го повика Михаилов да го тужи, бидејќи според него нема бегање од вистината, а сторениот чин со медицинскиот отпад е за секаква осуда. Денешниот прес, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче, го искористи да се заблагодари на дел од неговите работници кои несебично се залагаат, кои деноноќно се по охридските улици и допринесуваат градот да биде секогаш чист.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top