Современ гастрокабинет доби охридската болница

Современ  гастрокабинет доби охридската болница.

 |  Валентина Неловска  | 
bolnica
bolnica

Во охридската болница започна да работи  ново  одделение за гастроентерохепатолгија. Започнаа да се прават дијагностичи прегледи за  заболувања на желудник, хранопровод, дванаесетпалачно црево, дебело и тенко црево. Набавен е современ видео столб за дигестивна ендоскопија, опрема  која недостасуваше за гастродијагностицирање на интерното одделение скоро пет години.   За работа во гастрокабинетото има едуцирано и 2 -ца доктори кои ќе работат со современата опрема како што се ендоскопот и колоноскопот, потенцира директорот на  општа болница Љубен Арнаудов.

апарат„ Овие две методи ќе помогнат да се прават современи дијагностички методологии  на брз и квалитетен начин. Да се поставуваат дијагнзоите и пацинетите да заштедат  да не патуваат во други центри во Македонија за овие услуги“, вели д-р Арнаудов.  
 
Директорот на Клиниката за гастроентерохепатолгија,  професор д-р Ненад Јоксимовиќ, кој несебично го поддржа проектот о овозможи двјца охрикси  лекари да се едуцираат на нивната Клиника, вели дека со ова охридското здравство се искачи на едно скалило  погоре.

„ Да се успее да се направи ова  не е само потребата да се едуцираат кадри туку и нивнатат желба тие да се оспособат. Во најскоро време ќе може го прифатат целиот регион и ќе се намали бројот и преку 80% од  пациентите  што ќе се праќаат во Скопје“, Јоксимовиќ.
апарат
На свеченото отварње на современиот гастрокабинет  присуствуваа голем број гости, лекари и медицински персонал, а беа  присутни и двајцата охридски пратеници, д-р Сашо Василески и Александар  Николоски.   Василевски кажа дека модерниот гастроенетрохепатолошки кабинет е потребен затоа што населението има сериозни проблеми со заболувањата на дебелото црево. Современото дијагностицирање е резултат на поддршка од ресорното министерство, менаџментот на општа болница и Клиниката од Скопје на чело со Проф. д-р Ненад Јоксиомовиќ.

„Даде поддршка со својата екипа и заедно со тимот на охридските лекари работеше на имплементација за заживување на истата“, напомена меѓу другото Василевски.
Пратеникот Николоски напомена дека по реконструкцијата на болницата, оваа инветсиција е мошне значајна не само за охридските пациенти туку и за останатите  од југозападниот регион.

„Покрај тоа што е набавена нова опрема во вредност од 200.000 евра има и подготвени доктори, стручен персонал и е задоволство што имаме обучен кадар. Ќе продолжиме што поголем број на лекари да добијат врвна едукација за комплицирани хируршки зафати на други одделенија во болницата“, посочи Николоски.

Николоски укажа дека ќе продолжат со инвестиции во општа болница. Од  2015 година очекува реконструкција на болницата Св. Еразмо Охридски  со поврзување на  Кардиолошкиот центар, како и изградба на нов Здравствен дом.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top