Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно

Компјутерскиот томограф во охридската  општа болница работи успешно.

 |  Валентина Неловска  | 
tomograf
tomograf

Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик.  Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па  имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика. 

tomografВо последните месеци имаше премногу пациенти и  работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со  неоправдани снимања на томографот, нагласува д-р Маленко.

„ За жал наодите се позитивни па не би се изјаснувала во проценти за точна бројка, но за жал многу чести се наодите за малигни заболувања на скоро сит е пацеинти кои доаѓаат на снимање. Ги снимаме сите системи, глава, бели дробови, кичма, скелет, за жал бројката на малигни заболувања е се поголема.“
 
Она што загрижува е што при прегледите на томографот има се помлади луѓе. Последниот пациент кај кој било констатирано малигно заболување било 16 годишно момче.
tomograf
„ Се потешкиот животен стил, за еден човек да живее здраво, не е само исхраната важна  туку и  животот без стрес. За жал, се поретко ги имаме и границите на малигните заболувања кои се поместуваат се подолу и подолу.“

Д-р Маленко која до неодамна ги вршеш прегледите сама сега има засилување од уште една  колешка специјалист радиолог. С епочесто има и технички грешки во закажувањето на прегелдите па се надева дека одговорните во службите за закажување на Мој термин ќе внимаваат повеќе и нема да ги преклопуваат закажните прегледи .

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top