Ознака: општа

Уметнички дела од Мајкл Клос како признание за медицинските сестри од Општа болница Охрид

Post Views: 3 Дваесетина дела,  платна и цртежи на светски познатиот ликовен уметник со македонско потекло, Мајкл Клос ќе ги красат домовите на медицинските сестри од ЈЗУ Општа болница Охрид. Уметникот ги испрати сликите од Торонто и ги донира во знак на признание кон Инфективниот оддел на Општата болница во Охрид, македонското здравство и министерот д-р Венко Филипче за справувањето со пандемијата на Ковид 19. Уметникот и неговата сопруга Менка Змејкоска Клос, преку видео порака се обратија  до медицинскиот персонал на болницата. „ Овој наш мал подарок е голема благодарност до министерот...

Continue reading

Министерот за здравсто Венко Филипче во работна посета на охридската Општа болница и специјалната Св. Еразмо

Post Views: 1 Венко Филипче, министерот за здравство се сретна со охридските лекари и медицински персонал во ЈЗУ Општа болница и специјалната Св Еразмо Охридски и ги слушна од прва рака проблемите со кои се соочуваат за време на епидемијата на Ковид 19. Министерот е задоволен како досега охридските лекари и медицински кадар се справуваат со целокупната ситуација при лекувањето на пациентите и при тоа им искажа благодарност. За секојдневниот голем број на позитивни пациенти со Ковид 19, Филипче кажа дека засега се прават пошироки тестирања, со кои навреме се предвидува притисокот на...

Continue reading

Детскиот оддел при ЈЗУ Општа болница Охрид ќе работи како амбуланта поради недостиг на педијатри

Post Views: 16 Поради недостиг на доктори специјалисти по педијатрија Општа Болница Охрид го затвора детското одделение. Од денеска одделот за детски болести ќе работи извршувајќи амбулантски прегледи, инфоримираа од болницата. Детската амбуланта ќе има работно време од 8 до 20 часот од понеделник до петок, а за време на викендите и останатото време пациентите ќе се упатуваат до Одделот за детски болести при Општата болница во Струга. Од охридската општа болница додаваат дека новото работно време ќе биде од времен карактер се до обезбедување на кадар, а за промените јавноста ќе биде...

Continue reading

Општа болница Охрид во борба со Ковид 19, исполнет капацитет и преморен медицински персонал

Post Views: 1 Во Општа болница Охрид  во моментов има 15 пациенти со Ковид 19 кои се лекуваат на одделот за инфективни болести. На другите оддели,  геријатрија, дел од интерно и дел од  хирургија кои се преадаптирани за третирање на пациенти суспектни на Ковид 19 има 8 лица за кои се чекаат резултати од тест за корона вирус. „ Ние сме во моментов максимално исполнети. Како Општа болница Охрид примаме околу 25 пациенти, тоа е максималниот капацитет што можеме да го исполниме Општа болница Охрид и тоа не е мал број на пациенти бидејќи имаме едно инфективно одделение, Одделот за геријатрија...

Continue reading

„УВ Гард“ за ЈЗУ Општа болница – Охрид, донација од иноваторите Поцков и Глигоров и Хотел Су

Post Views: 1 „УВ Гард“ уред за дезинфекција со УВ зраци доби денеска ЈЗУ „Општа болница Охрид“. Апаратот е  изум на македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров од Свети Николе а донацијата ја реализираа со поддршка на охридскиот хотел Су како општествено одговорна компанија. „Уредот за дезинфекција, УВ Гард, кој го изработивме за болницата во Охрид денеска го донираме со поддршка од општествено одговорната компанија Хотел Су со цел за зајакнување на условите и заштита на здравствените работници.“– изјави Ивица Поцков. Дезинфекција со помош на УВ светлина не е новина...

Continue reading

Општа Болница Охрид се реорганизира

Post Views: 1 Состојбата со корона вирусот во охридско будно се следи. Медицинскиот персонал во моментов е еден од најдобрите кои ги имал регионот. Ќе одговориме на сите предизвици кои ги наметнува состојбата со корона вирусот, вели директорот на Општа Болница Охрид Д-р Горан Балевски.  Новоназначениот директор и формира дека за една недела бил формиран кризен штаб од началници на одделенијата и најдобрите и најискусни доктори, формиран е  тријажен центар во кој се упатуваат сите пациенти пред да влезат во болницата. „ Во тој тријажен центар работат двајца специјализнати кои ги...

Continue reading

Охридските пчелари донираа мед и прополис на Општа болница Охрид

Post Views: 0 Стотина тегли со мед и пчелни производи донираа од здружението на пчелари на ЈЗУ Општа болница Охрид. Охридските пчелари со овој гест подарувајќи им здрава храна им искажаа благодарност на здравствените работници кои се грижат за здравјето на граѓаните во борбата со корона вирусот бидејќи тие се на првата борбена линија, информира Тони Јосифоски од здружението на пчелари Охрид. Тие што се вклучија донираа несебино кој кило кој две мед и прополис, а прозиводите ќе бидат доставени до инфективното одделение, додава Јосифоски. „Пчелните производи се здрава храна, која е...

Continue reading

Новиот директор на општа болница врши реорганизација за да им се излезе во пресрет на сите пациенти да се примаат во услови на епидемија

Post Views: 10 Новиот директор на охридската болница, д-р Горан Балевски, интензивно работи на реорганизација на работата на Инфективното одделение. Денес на стручен колегиум е формиран Кризен штаб на општа болница и направен е протокол какви случаи ќе се примаат на лекување. Сите лекари ќе бидат маскимално заштитени и ќе се вклучат во поддршка на работата на трите лекари инфектолози. Инфектолозите од одделението според препораките на одделот за лекување да ги примаат сите пациенти од регионот без разлика дали им е утврден вирусот или не. По утврдување на состојбите ќе ги упатуваат...

Continue reading

Д-р Горан Балевски назначен за нов директор на Општа болница Охрид

Post Views: 0 Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција објави дека д-р Горан Балевски е именуван за нов директор на охридската Општа болница. Балевски е познат доктор специјалист уролог и хирург.Тој доаѓа на местото прв човек на Општата болница во Охрид на местото на Славица Малевска Стојадиновиќ, која беше разрешена денес,а во врска во случајот со починатата шациентка од струшко Татеши од Коронавирус која не беше примена на инфективното одделение во болницата.Разрешената директорка Славица Малеска Стојадиновиќ денес се огласи со соопштение до медиумите...

Continue reading

Пациентите од Охрид со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување ќе се сместуваат на дделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница

Post Views: 2 Направени се сите потребни подготовки за навремено делување на Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница. Ова ќе биде оддел каде што ќе се згрижуваат пациентите со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување. Целокупната медицинска опрема, ресурси и капацитети за интензивна нега кои што ги поседуваат сите здравствените установи ќе биде на располагање при лекувањето на потенцијалните пациенти во Одделот за интензивна нега во Општата болница Целокупниот медицински персонал од јавните здравствени институции, кој според проценките е во доволен...

Continue reading

Во регионов инфективен оддел има само Општа болница Охрид

Post Views: 22 Инфективен оддел за лекување на пациенти од различни видови инфективни болести има само во охридската болница. Голем број на пациенти од целиот регион добиваат медицинска помош при потешки здравствени компликации од сезонски грип или вирозни и во лето и во зима. Она што загрижува е што на инфективното одделение болничките услови се лоши. Објектот каде што е сместено одделението е многу стар иако овде се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти годишно. Располага со 6 соби и капацитет за лекување од околу 20- тина пациенти. Медицински се згрижуваат пациенти од Охрид, Струга,...

Continue reading

Општа болница Охрид ќе добие апарат за магнетна резонанца

Post Views: 1 Ресорното министерство обезбедило средства за набавка на апарат за магнетна резонанца за потребите на Општа Болница Охрид и специјалната болница Св. Еразмо. Со тоа пациентите ќе имаат подобар пристап кон здравствените услуги во болниците, најави министерот за здравство Венко Филипче од Охрид. Со набавката на овој современ апарат ќе се скрати времето на чекање за снимање и за оперативните интервенции, кажа Филипче. „ Направивме информација за Владата со која се обезбедува средства во рамките на развојниот буџет на министерството за здрвство да обезбеди средства за магнетна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top