• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Детскиот оддел при ЈЗУ Општа болница Охрид ќе работи како амбуланта поради недостиг на педијатри

Детскиот оддел при ЈЗУ Општа болница Охрид ќе работи како амбуланта поради недостиг на педијатри

Поради недостиг на доктори специјалисти по педијатрија Општа Болница Охрид го затвора детското одделение.

 |   | 

Поради недостиг на доктори специјалисти по педијатрија Општа Болница Охрид го затвора детското одделение.

Од денеска одделот за детски болести ќе работи извршувајќи амбулантски прегледи, инфоримираа од болницата. Детската амбуланта ќе има работно време од 8 до 20 часот од понеделник до петок, а за време на викендите и останатото време пациентите ќе се упатуваат до Одделот за детски болести при Општата болница во Струга. Од охридската општа болница додаваат дека новото работно време ќе биде од времен карактер се до обезбедување на кадар, а за промените јавноста ќе биде навремено информирана.

ТВМ неодамна информираше за состојбите на детското одделение дека од четворицата педијатри, со колку што во моментот располага, тројца доктори се пред пензија, а двајца заминуваат после Нова Година. Еден доктор дежура по 24 часа на секој четврти ден а нема кадар кој би ги наследил. Само една докторка во моментов е на специјализација за педијатрија која во иднина би работела во Општа болница Охрид. Недостаток на доктори специјалисти по педијатрија е проблем на ниво на државата и во секундарното и во примарното здравство.

Недостиг на педијатри во Охрид

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top