• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општа болница Охрид во борба со Ковид 19, исполнет капацитет и преморен медицински персонал

Општа болница Охрид во борба со Ковид 19, исполнет капацитет и преморен медицински персонал

Исполнети капацитетите на охридската општа болница за прием и третман на пациенти со Ковид 19. Медицинскиот персонал е преоптоварен со справување со зголемениот број пациенти како резултат на бранот заразени во Охрид.  Болницата мора да функционира и за пациентите со други патологии и веќе не може да се примаат пациенти со корона од други градови, вели директорот Балевски.

 |   | 

Во Општа болница Охрид  во моментов има 15 пациенти со Ковид 19 кои се лекуваат на одделот за инфективни болести. На другите оддели,  геријатрија, дел од интерно и дел од  хирургија кои се преадаптирани за третирање на пациенти суспектни на Ковид 19 има 8 лица за кои се чекаат резултати од тест за корона вирус.

„ Ние сме во моментов максимално исполнети. Како Општа болница Охрид примаме околу 25 пациенти, тоа е максималниот капацитет што можеме да го исполниме Општа болница Охрид и тоа не е мал број на пациенти бидејќи имаме едно инфективно одделение, Одделот за геријатрија го дислоциравме, други оддели преадаптиравме, така што капацитетот е скоро исполнет. Имаме само уште неколку празни кревети. “ – вели директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, д-р Горан Балевски.

Откако беше исполнет капацитетот на болницата во Битола, охридската општа болница стана Ковид центар за регионот. Но со зголемување на бројот на заболени во Охрид изминатиов период болницата згрижува само пациенти од градот. Директорот Горан Балевски вели дека капацитетите и медицинскиот персонал се преоптоварени со справување со епидемијата а болницата мора да функционира и за пациенти со друга патологија.  

„Максимално е вклучена цела болница , сите капацитети се искористени. Ние мора да го чуваме тој оперативен блок каде се згрижени пациенти од друга патологија, итни случаи, гинеколошки случаи, случаи од уво, нос и грло, така што , во моментов болницата е функционална и го опслужува целиот регион.“ – посочува Балевски.

Низ тријажниот центар на болницата, изминативе три месеци, поминале над 13 000 луѓе кои имале потреба од разни здравствени услуги а медицинскиот персонал од охридската болница беше задолжен и за здравстевн надзор на лицата во државните карантини во охридскиот регион. Како и охридската така и сите останати  болници имаат насоки да предвидат и приспособат дополнителни капацитети, да преадаптираат оддели за згрижување на пациенти со Ковид 19, вели Балевски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top