Нова програма во болничките установи

Нова програма во болничките установи. Директорите на болниците задолжително еден ден во неделата после работно време ќе треба да ги сослушаат проблемите, забелешките или пофалбите од лекарите и пациентите. Целта е да се постигне комплетна отвореност спрема вработените и пацинетите, велат од Министерството за здравство.

 |  Николоска Биљана  | 
bolnica
болница

bolnicaДиректорот на Општа болница Охрид, еден ден во неделата после работно време, три часа ќе биде резервиран за пациентите и персоналот. Тоа го налагаат новините од Министерството за здравство вели Љубен Арнаудов, првиот човек на Општа болница Охрид.

„Конкретно за нас определивме во четврток од 17 до 20 часот во мојата канцеларија можат да доаѓаат сите лекари кои имаат забелешки пофалби или поплаки исто и пациентите за било кој проблеми, кои сметаат дека ги имаат и дека можат да се решат тука можат да доаѓаат. Ние сме должни тоа јавно да го објавиме на огласни табли“ – вели Арнаудов.

Покрај директорите, и главната сестра на болницата еден ден, односно три часа во понеделник ќе биде задолжена да остварува средби со пациентите како и со вработените од средниот и нижиот медицински персонал. Арнаудов смета дека со тоа ќе се постигне комплетна отвореност спрема пациентите и вработените со цел да се надминат дел од проблемите со кои се соочуваат.

arnaudov„На тие состаноци треба задолжително да присуствува координаторот на мој термин, поради пациентите значи тие нејаснотии кои ќе ги воочиме да водиме записник да ги запишуваме и да ги доставуваме до министерството. Значи целта на проектот е што се воведуваат нови начини на работење тие нови начини можат да прикажаат и некои грешки, а наша цел е да ги воочиме само доколку пациентите ни ги кажат и да ги менаџираме за да немаат пациентите проблеми со системот“ – појаснува Арнаудов.

Директорот на Општа болница, очекува голем одзив и интерес како од лекарите така и од пациентите. Закажувањето на средбите првично ќе оди преку секретарката во болницата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top