Ознака: одржа

sostanok

Полицијата и трговците заедно во борба против крадците

Post Views: 9 Трговските објекти од градов најмногу на удар на крадците. Според податоците со кои располага СВР Охрид дури 35% од кражбите во градов се извршени во златарите, бутиците и другите трговски објекти во охридската чаршија. Речиси да нема трговски субјект кој не се соочил со ваква непријатна и опасна ситуација. Имаше и кај нас обиди за кражба, а имаше и неколку поситни кражби. Оваа појава тешко дека може да се искорени, но сите треба да направиме напори кражбите да бидат што поретки, вели сопственикот на фирмата „Маеми“, Боро Нечкоски. Со цел да се слушнат проблемите на...

Continue reading

sindikat

Нов Синдикат на новинари

Post Views: 2 Формиран првиот независен Синдикат на новинари и медиумски работници во земјава. Основачкото собрание се одржа во Скопје, а за прв претседател беше избрана Тамара Чаусидис.„Мисијата на Синдикатот е многу едноставна, таа е да ги застапува економските интереси и да ги подобрува условите за работа на своето членство, да се бори за еднакви услови за вработување и унапредување, за подобрување на стандардите во медиумската сфера“, изјави Тамара Чаусидис, новинар. За новинарите денешниот ден е историски. По 20 години делби и суети, очекуваат обединети во Синдикатот да издејствуваат...

Continue reading

Trpceski

Немој да ти заѕвони мобилен додека маестро Трпчески свири

Post Views: 2 Вчера во Кортона, Италија беше спуштена завесата на годинашното издание на фестивалот „Тосканско сонце“ што се одржа под мотото „Уметноста на живеењето“. Огромно внимание предизвика премиерата на проектот „Заведување, чад и музика: љубовната приказна на Шопен и Жорж Санд“ од Џејмс Мело, во режија на Доналд Т. Сендерс, а во чија изведба ликот на музичарот Шопен зад пијаното го интерпретираше нашиот прославен пијанист Симон Трпчески, додека човекот и љубовникот Шопен на сцената го донесе легендарниот британски актер, оскаровецот Џереми Ајронс. Интересен момент се случи...

Continue reading

Cetkar

Четкар му го честита роденденот на Аквариус со извонреден концерт

Post Views: 7 Како подарок за 23тиот роденден на култното охридско кафуле “Аквариус“, синоќа свој концерт одржа светски познатиот џез гитарист Владимир Василески – Четкар, охриѓанецот кој со својата гитара и насмевка го плени светот. Негово музичко друштво синоќа беа и Оли Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани. Веќе неколку години наназад Четкар, еден од најперспективните домашни џез музичари, на овој ден настапува во „Аквариус“ а покрај многубројната охридска публика еден од неговите најверни фанови е и Претседателот на република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Синоќа пред публиката...

Continue reading

„Учи паметно, работи стручно“ денес во Охрид се одржа отворен ден за промоција на стручното образование

Post Views: 3 „Учи паметно, работи стручно“ е кампања која МОН ја спроведува во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија , преку која учениците се стекнуваат со пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието, а компаниите добиваат стручно оспособен кадар кој на дадените работни задачи ќе одговори на стручен начин. Денес, министерката за образование во Владата на Република Македонија Мила Царовска, изврши обиколка на пунктовите во двете училишта, за промоција на дуалните паралелки. Ако минатата година имало отворени 11 дуални паралелки, оваа учебна годи...

Continue reading

turnir

Успешен настап во Бугарија на теквондистите од Лескоец

Post Views: 2 Теквондо клубот HWA RANG ITF од Лескоец Охрид, учествуваше на меѓународниот таеквондо турнир „Стојан Стојанов“ кој се одржа во Пловдив Бугарија. Натпреварувањето што се одржуваше од 30.05-01.06.2014 е едно од насјилните кои се одржуваат на балканот а се однесуваат на овој спорт. Охридските борци се вратија со две одличја и тоа : Антонио Јанески – трето место пионери од 9-11 години до 45 кг Христијан Митрески – второ место пионери од 9-11 години до 60 кг христина Митреска – трето место пионери од 12-14 години до 45 кг Младите таеквондисти беа предводени од Марјанчо...

Continue reading

стрелци

Одлични резултати на Балабан и Алексовска во Бугарија

Post Views: 6 Вицешампионска позиција за Нина Балабан, четврта за Ангела Алексовска на меѓународниот Турнир со воздушно оружје, што се одржа на 17-18.05.2014 год. во Сандански Р.Бугарија. За првпат оваа година стрелците од СК,,Охрид“ не се закитија со златен медал на турнирот, односно со сребрен медал се закити Нина Балабан, во јуниорска конкуренција со резултат од 403 кругови. Голем успех на Ангела Алексовска, која постигна резултат за 7 кругови поголем од минималната олимписка норма. И покрај ваквите резултати кои константно растат од натпревар на натпревар, надлежната институција...

Continue reading

harmonikasi

Музичари со кои Охрид треба да се гордее

Post Views: 1 Охриѓанецот Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Надежниот Гавриловски  од сите меѓународни натпревари, дури и оние со најтешка конкуренција се враќа со освоено прво место.    Во низата успеси и признанија  Филип неодамна придодаде уште четири први места. Тој беше најдобар во својата категорија на меѓународниот натпревар што се одржа од 6 до 12 мај во Бјелина, Р. Српска. Од 134 претставници од 12 држави од Европа , Филип  ја понесе првата награда за соло настап и специјалната награда за камерна музика. Гавриловски  е неприкосновен  во својата категорија и во...

Continue reading

am

„Волшебна Македонија“ наградена во Италија

Post Views: 0 Филмуваниот проект „AMAZING MACEDONIA – Landscapes and sounds“ („Волшебна Македонија“) во продукција на Трето Уво, ја освои специјалната награда за особено квалитетен придонес во културолошка, историска и амбиентална презентација на Македонија на 47-миот Меѓународен фестивал за туристички филмови што се одржа од 25 до 29 мај во Лече, Италија. Во конкуренција на вкупно 273 филмови од 60 земји, „Волшебна Македонија“, како што истакнуваат од продукциската куќа, предизвика особено внимание и беше поздравен со огромен аплауз од бројните новинари од медиуми од сите...

Continue reading

Советот на Општина Охрид ја одржа 58та седница без советниците од ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 1 58та седница на градскиот совет, на самиот старт, ја напушти советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Координаторката на опозициските советници, Гордана Коњановска во изјава за медиумите, кажа дека главна причина за таквиот чекор е симнувањето од дневен ред на нивниот предлог заклучок со кој Советот му укажува на Градоначалникот да отпочне постапка за разрешување на директорот на ЈП Водовод Охрид. Мнозинството во советот сметаше дека не постои можност согласно Статут и Деловник Советот да расправа по таква точка.  Опозицијата пак сметаше дека советниците имаат право да отвараат...

Continue reading

gimnazija

Охридските гимназијалци нижат успеси на натпреварите по англиски и математика

Post Views: 2 Нeoдамна во ОСУ “Св.Климент Охридски” се одржа училишен натпревар по англиски јазик за ученици од втора година. Натпреварот беше организиран од активот по странски јазици и беа избрани 3 ученици кои ќе го претставуваат училиштето на регионалниот натпревар на 3 Мај, а тоа ќе се : Мартин Мурговски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа;Александар Димоски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа;Кирче Алексоски II -1, ментор проф. Сузана Ристеска. Покрај тоа, на меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO кој се одржа во Март, во конкуренција од илјадници...

Continue reading

koncert

Охридските „мозочиња“ со предвелигденски концерт

Post Views: 5 Црвен крст Охрид одржа  Предвелигденскиот концерт на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид-Центарот за развој на животни вештини. Покрај своите музички вештини и способности, 40 деца на возраст од 4-14 години  ги презентираа и техниките и вештини стекнати со Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат  фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот. Овој атрактивен и интересен настан се реализира синоќа во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид, со почеток во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top