Четкар му го честита роденденот на Аквариус со извонреден концерт

Како подарок за 23 тиот роденден на култното охридско кафуле “Аквариус“, синоќа свој концерт одржа светски познатиот џез гитарист Владимир Василески – Четкар.

 |   | 
Cetkar
Cetkar

Cetkar

Како подарок за 23тиот роденден на култното охридско кафуле “Аквариус“, синоќа свој концерт одржа светски познатиот џез гитарист Владимир Василески – Четкар, охриѓанецот кој со својата гитара и насмевка го плени светот. Негово музичко друштво синоќа беа и Оли Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани.

Веќе неколку години наназад Четкар, еден од најперспективните домашни џез музичари, на овој ден настапува во „Аквариус“ а покрај многубројната охридска публика еден од неговите најверни фанови е и Претседателот на република Македонија, Ѓорѓе Иванов.концерт во Аквариус Синоќа пред публиката Четкар се претстави со со нов музички материјал од најновиот албум директно од Њујорк, односно неговата нова песна „Time Goes By“.

Стотина љубители на музиката на Четкар и секако верни гости на култниот Аквариус ја напонија терасата на самиот езерски брег, заедно со затворениот простор и уживаа во уште едно незаборавно музичко дружење.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top