Ознака: одржа

И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов

Post Views: 13 На спомен обележјето во селото Цер, Кичевско, каде пред 113 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида, проследена со пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше проф. Виолета Петкоска, историчар. „Треба да сме среќни зошто имаме од кого да учиме. Ова е мигот кога зататнило оружјето, а затаил разумот. Секоја година ми доаѓаат помислите како и е на секоја мајка која не можела да го сврати своето чедо од идејата да биде пример за идните...

Continue reading

carina

Ден на македонската царина

Post Views: 1 Царинската управа одржа свеченост по повод својот празник – 14 април, на која беа презентирани нејзините активности во изминатата 2013 година. За време на свеченоста особено внимание се посвети на примената на концептот на Овластен економски оператор и досега постигнатите резултати од имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем. Прикажан беше и краток спот во кој ќе бидат презентирани активностите, што како општествено одговорна институција, ги превзема Царинската управа во борбата против трговијата со наркотици. {loadposition content9}

Continue reading

krste badarovski

Крсте Бадаровски еден од кандидатите за титулата „Пијанист на годината“ во Прага

Post Views: 1 Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година. Во финалната рунда од натпреварот учествуваа уште 4 други пијанисти од Чешката Република. Крсте Бадаровски го освои четвртото место во финалето. Инаку, Крсте Бадаровски ги започнал своите музички студии во Македонија, а потоа дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Живее и работи во Чешката Република, финалист е на повеќе музички натпревари, а воедно и учител по пијано. Секогаш кога имам прилика со многу љубов...

Continue reading

suma

Со хуманитарната акција за центарот „Зраци“, собрани повеќе од 27.671 денари

Post Views: 3 На хуманитарна акција за собирање на средства за децата со попреченост во развојот од дневниот центар „Зраци“ кој функционира во Охрид, која викендот се одржа во кафе барот „Аквариус“ собрани се 27.671 денари. Денес оваа информација осамна на Фејсбук профилот од еден од споствениците на кафе барот. Во саботата дел од учесниците во јавниот живот во Охрид, политичари, новинари и сл. работеа како шанкери и келнери во периодот од 11:30 до 14:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

Советот на Општина Охрид ја одржа 63-та седница

Post Views: 3 Одржана 63та седница на градскиот Совет на која што се расправаше по 86 точки од дневниот ред. Советниците ги усвоија предложените одлуки иако опозицијата не даде согласност или беше воздржана за повеќето точки кои беа на денешниот дневен ред. Советниците од опозицијата не дадоа согласност за годишните планови за вработување во основните училишта за следната година, а не ги прифатија ни годишните извештаи за работа и материјално-финансиското работење во школите и јавните претпријатија. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката за давање согласност за усвојување на...

Continue reading

Се одржа „Оhrid sailing cup“

Post Views: 17 16 екипи од Охрид , Струга и Скопје учествуваа на Оhrid sealing cup. Едрењето имаше натреварувачки карактер, а меѓу едриличарите за прв пат се натпревруваше и женски екипаж од Скопје. Се пловеше на потегот Пристаниште – Канео – Куба Либре – Пристаниште. Стевчо Ставрев претседател на Здружението за спортови на вода Акватика јахтинг укажува на нивните идни планови. „ Тенденција е „ Оhrid sailing cup“ да прерасне во манифестација препознатлива за Охрид. Развивање на едрењето , на наутичкиот туризам и искористување на најнеискористениот спортски терен...

Continue reading

прибе

Германскиот експерт Рајнхард Прибе одржа предавање на Школата за природно право

Post Views: 5 Рајнхард Прибе, правен експерт , дипломат од кариера и изготвувач на Извештајот за Македонија, кој беше составен дел од Пржинскиот договор, денеска присуствуваше на Охридската школа за природно право. Прибе пред магистрантите и докторите по право и политички науки имаше излагање во врска со владеењето на правото и европските интеграциски процеси. Прибе пред новинарите кажа дека не е дојден во политичка посета туку на средба со учесниците на школата пред кои ќе зборува за демократските предизвици на земјата и функционирањето на вредностите на Европската унија. „ Немам...

Continue reading

Во Охрид се одржа едриличарска регата

Post Views: 2 Во Охрид се одржа едриличарската регата „Заедно за иднината на Езерото“. Едриличарот Наум Своноски е еден од поискусните натпреварувачи од класата Двосед 470. Досега имал успешни резултати и освоени први места. Успех очекува и на оваа регата, а сподели и зошто го избрал едрењето како спорт. Едрењето го одбрав уште од мал, сакав водени спортови, пораснат сум до вода и одлучив да се фокусирам на едрењето и да се обидам да земам награди – вели Своноски. 13 годишната Евгенија Ставрева, веќе 8 години се занимава со едрење и остварува одлични резултати во класата Оптимист. Многу...

Continue reading

Во Охрид се одржа конференција за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа

Post Views: 2 Aндреа Бeкали менаџер во американска информатичката компанија ИКАН ја нагласува потребата луѓето активно да се вклучуваат во управувањето и развојот на интернетот. На конференцијата Управување со Интернетот кај државите од Југоситочна Европа сме присутни да дадеме поддршка на заедницата во Македонија и регионот. Зборуваме за употребата и да објасниме што поддржуваме во развојот на интернет технологијата и како интернетот да се употребува во иднина, напомeнува Бeкали. „За таа цел баравме идните генарации под 25 години што повеќе да го употребуваат Интернетот. За прв пат...

Continue reading

Ramiz Merko

Буџетот на општина Струга, топ тема

Post Views: 10 Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во телефонски разговор за ТВМ, рече дека не се согласува со реакцијата на пратеничката Затуроска, од причина што седницата која што се одржа на 30 ти декември минатата година, претседателот не ја дозавршил и немало конечна одлука. На истата таа седница со точност не можел да се констатира бројот на гласови на струшките советници, за, против или воздржани, за да на продолжението од 35 тата седница која се одржа на 5 ти јануари се примени поединечно гласање, при што буџетот помина и се донесе одлука за негово усвојување, додава...

Continue reading

sednica struga

Среќна Нова 2012 година, без буџет

Post Views: 1 Општина Струга во Новата 2012 година ќе влезе без буџет. Останува уште една шанса, потоа следи црвен картон за советниците или распуштање на ова тело. Струшките советници ниту денес на утринското продолжение од 35 тата седница не го поддржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко за буџетот на општината за 2012 година, кој тежи околу 13 милиони евра и е за 200 000 евра повисок од минатата година. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека лошо е што политиката вмешала прсти на место каде што нема потреба, посебно тоа не треба да се прави кога е во прашање буџетот...

Continue reading

Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп

Post Views: 4 Граѓаните се едуцираат како да ги плаќаат даноците кон државата оствaрени  од кирии. Издавачите на станови,  деловни простори, дуќани, земја, опрема или превозни средства  кои  оствариле  приходи треба да пријават  данок аконтативно и со годишни даночни  пријави.  Даночното одделение на УЈП Охрид одржа едукативна обука  наменета за сите  субјекти за поголемо доброволно пријавување и плаќање на данок, информираат од УЈП. Има субјекти кои редовно плаќаат данок, но има и такви кои ја избегнуваат таа обврска но се во помал број, посочува шефот на подрачната единица на УЈП...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top