Ознака: одржа

pobednici

Прогласени победниците на „Codefest 2014“

Post Views: 2 Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше  непрекинати 32 часа. Codefest се одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“. 130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра...

Continue reading

tocokovi

Се одржа општинското натпреварување во Детски семафор

Post Views: 6 Традиционално и годинава во Охрид се одржа општинскиот натпревар од сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафор.“ Оваа манифестација се одвива во два дела, теоретски, проверка на познавањето на сообраќајните знаци, правилата и прописите преку тестирање и практичен дел односно вешто возење со велосипед на уреден полигон на ул. „Кеј Маршал Тито“. Цане Георгиески претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Охрид, ја истакна важност од организирањето на една ваква манифестација. „Секоја нова генерација мораме да ја подготвуваме...

Continue reading

tribina

НВО „Бисера“ од Охрид со трибина против семејното насилство

Post Views: 4 Невладината „Женски центар Бисера“  од Охрид, организира и одржа трибина на тема семејно насилство. Во соработка со Средното економско училиште и одделот за превенција при СВР Охрид, денес во просториите на Охридската гимназија се одржа ова советување. Гостин предавач на трибината беше господин Живорад Савиќ, од одделот за превенција. Целна група беа учениците од економското училиште од трета и четврта година , на кои им беше презетиран протоколот на полицијата во случај на семејно насилство. {loadposition content9}

Continue reading

evroparlamentarci

Охридските гимназијалци повторно во улога на европарламентарци

Post Views: 0 Учениците од  ОСУ,,Св.Климент Охридски“, Јана Василеска, Ивана Мирчевска и Адриан Димитријески, под менторство на професорката по англиски јазик, Даниела Спироска, учествуваа на четвртата национална симулацијата МЕП (Модел Европски Парламент), која се одржа во организација на средното училиште НОВА во Скопје, на крајот на овој месец.     Охридските ученици ја претставуваа Португалија како земја членка на ЕУ.Во оваа тридневна симулација учениците имаа можност да ги покажат своите способности за дебатирање, тимска работа ,но и своите предзнаења за ЕУ, нејзините институции...

Continue reading

ucenici

(ОБНОВЕНО) Христијан Вичороски од ОУ „Дебрца“ трет на регионалниот натпревар по математика-физика

Post Views: 6 Викендов се одржа регионалниот нaтпревар по математика и физика организиран од колеџот „Кемал Јахја„ во Струга. Инаку на овој регионален натпревар  за југозападна Македонија ( Струга, Вевчани, Охрид, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Ресен, Кичево, Пласница и Демирхисар) ,кој по петти пат се одржува во „Јахја кемал“ колеџот, учествуваа преку 200 осмооделенци од основните училишта од овие градови , Ученикот Христијан Вичороски,  од ОУ „Дебрца“ : од село Мешеишта го освои третото место. Негов ментор беше професорот  Наум Јованоски Христијан покрај скромната парична...

Continue reading

otvoren cas

Во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час

Post Views: 2 По повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час. Родителите, учениците и останатите заинтересирани имаа можност да присуствуваат на овој час и да видат што практично учат нивните деца. Отворен час се одржа по повеќе предмети. Роботиката која е дел од предметот технички науки предизвика голем интерес кај учениците. Секцијата по роботика постои веќе четири години. Ја посетуваат ученици од шесто до осмо одделение. Тука можат да ја покажат својата креативност. Денес оние од повисоките одделенија им беа ментори на помалите,...

Continue reading

sednica

Советот на општина Охрид ја заврши оваа година со донесување одлуки за наредната

Post Views: 1 Градските избраници работно го поминаа претпоследниот ден од оваа година. Денес се одржа 17тата седница на која се расправаше по четириесет точки од дневниот ред. Најголем дел од нив се однесуваа на предлог одлуките за усвојување на развојните програми од различни области. Ова беше само претходница на донесувањето на буџетот за 2014та кој и тоа како е важен за функционирањето на општината во годината што следува. Прва на дневен ред се најде предлог одлуката за усвојување на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година....

Continue reading

добитници

На доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ му беше врачено највисокото општинско признание

Post Views: 9   Доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ, на свечената академија што се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а по повод патрониот празник на градов, го доби највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – патрон на Охрид. 85-годишниот Радиќ кој е  татко на „Охридскиот пливачки маратон”и низ чии раце поминаа звучни пливачки имиња рече дека се чувствува многу задоволен што најпосле некој се сети да му го признае трудот што го дал некогаш. Имам две големи желби со кои сметам дека ќе се препороди охридското пливање,...

Continue reading

nikola mitrovic

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со свое видување за вчерашниот митинг на здружената опозиција

Post Views: 1 Денес, кога јасно се гледа дека ВМРО ДПМНЕ победува, кога јасно се согледува потребата на нашите сограѓани за нови дела за подобар Охрид, сведоци сме дека од страна на политичкиот опонент СДСМ  повеќе немаат кредибилитет да зборуваат за Охрид бидејќи истите се тие кои го уништија нашиов град, со овие зборови портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ја започна денешната пресс конференција. На вчерашниот митинг кој го одржа СДСМ во Охрид, малубројните присутни граѓани меѓу кои злоупотребени малолетни ученици кои го поднесоа својот школски прибор,не само што согледаа дека константно...

Continue reading

delikatesi

Хуманитарен панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 2   Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа  Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси. На продажната маса се најдоа различни видови на колачи, ролати, кифлички, погачи и други специјалитети подготвени од  родителите. Најмалите основци  срамежливо потврдуваа дека при  подготовката на деликатесите биле вклучени и тие. Денешната акција е само една од повеќето хуманитарни случувања во кои  активно се вклучија и родителите. Декември или месецот на „Отворено срце“, е време кога се дарува и се помага на лицата  во заедницата кои имаат потреба од помош. „ Целта...

Continue reading

ivanov-nisani

Прва официјална средба помеѓу претседателот на Р. Албанија и Р. Македонија

Post Views: 0 Албанскиот претседател Бујар Нишани денес пристигна во Охрид на еднодневна средба со неговиот македонски колега д-р Ѓорѓе Иванов. Оваа средба која се одржа во вилата Билјана беше неформална и далеку од очите на јавноста бидејќи претседателите не дадоа изјави за медиумите . Како што информираа од кабинетот на претседателот со оваа посета продолжува претходно воспоставената динамика меѓу Македонија и Албанија за редовни средби на највисоко ниво. Во фокусот на разговорите меѓу претседателот Иванов и претседателот Нишани беа досегашните билатерални односи и областите во...

Continue reading

klub ohridski branovi

Дипломи за децата од „Охридски бранови 2008“

Post Views: 26 Со доделување на дипломи и одигрување на игри, денеска школата за пливање Охридски бранови 2008, на градскиот отворен базен го одржа последниот пливачки час за оваа сезона.  Децата кои ова лето преку Охридски бранови ги изучуваа тајните на пливањето, воодушевени од она што го научија, но и од начинот на кој тренерите им ги пренесоа тајните на повеќето техники за пливање. Не само децата и тренерите од клубот Охридски бранови разочарани што сезоната заврши. Тие се повеќе  од сигурни дека онаму каде што застанаа ќе продолжат следната година, затоа што се  децата се талентирани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top