Ознака: одржа

vlasi

Денес Власите празнуваа

Post Views: 2 Власите од цел свет денес слават. Во земјава празнувањето на Националниот ден на Власите бележи 21 година и има големо значење. Имено, како што кажа Јордан Трца од охридското здружение, Власите правото да учат на својот мајчин јазик во училиштата, црквите како и да поставуваат намесници во градовите каде што живеат, ги добиле со Ирадето потпишано од турскиот Султан Абдул Хамид 2 на 23.05. 1905 год. „И во Охрид има исполнување на тие права, поточно охридските власти успеале да отворат школи во двете Влашки цркви, Св. Никола во долна влашка мала и Св. Горѓи горна влашка...

Continue reading

medal trka

Велосипедски празничен викенд во Охрид

Post Views: 1 Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар...

Continue reading

Prlicev

Охрид празнува и достојно ги одбележува „Прличевите беседи“

Post Views: 9 Низа свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“. За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња. „Нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без присуството на Григор Прличев, а нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создадоа „Сердарот“ и Скендербег, додаде...

Continue reading

gjomlezijada

Горно Лакочереј домаќин на трeтата Ѓомлезијада

Post Views: 7 „Со ова сакаме да ја продолжиме традицијата на традиционални македоснки јадења, да им понудиме нешто што го немаат кај нив. денеска тука имаме и холангани ќе бидат и во жири комисијата па да видиме кое ќе биде најдобро“, истакна градоначалникот Александар Петрески. Советникот Климе Тренески кој воедно беше дел од организациониот одбор вели дека интерес за учество на манифетацијата имало премногу, но биле преморани да направат селекција на натпреварувачите. „ Денеска имаме 20 натпреварувачи имаше многу повеќе интерес но поради ограничување со просторот ги намаливме на...

Continue reading

izbori

Куќа на модерни идеи

Post Views: 2 Боро Павлоски, шефот на изборниот штаб на охридските либерали, одржа прес, со цел да ја најави трибината на ЛДП. Павлоски кој се јави на средината на кампањата, задоволен е од работата на помладокот во неговата партија, рече дека тука е за сите потребни инструкции доколку се потребни. Но тој од своето искуство како долгогодишен и истакнат член во високото партиско водство укажа на моменталната состојба и случувања со кампањата која во моментов се води од страна на најголемите политички блока. Инаку оваа трибина, според Павлоски, е модерен начин на презентирање на изборната...

Continue reading

360 охридски матуранти по петти пат го танцуваа Kвадрилот

Post Views: 0 Околу 360 охридски матуранти од општинското средно Училиште „Св. Климент Охридски“, точно напладне беа дел од матурската парада која се одржа во стотина градови од 10 земји во Европа. Тие по петти пат го танцуваа квадрилот од Штраусовата опера  „Лилјакот”. Матурантите ја прославија својата зрелост на охридскиот плоштад под водство на професорката по физичко воспитување Соња Думбалова Делова.  Квадрилот траеше осум минути,а „Матурската парада“ е истовремено танцување на Штраусовата опера „Лилјакот“ и се игра во четири слики: Панталон, Ете, Пасторел и Финале.Охридските...

Continue reading

Filip Gavriloski

Хармоникашот Филип Гаврилоски прв на Меѓународниот натпревар во Сараево

Post Views: 1 На Интернационалниот натпревар „Акордеон Арт“ што се одржа во Источно Сараево во Босна и Херцеговина, првата награда ја освои младиот хармоникаш, охриѓанецот Филип Гаврилоски, ученик на ОМУ „Методи Патче“. Натпреварот се одржа од 27 до 30 април, во девет категории во една дисциплина и тоа солисти на хармоника – академска изведба. Надежниот Гаврилоски, инаку ученик на професорот Наумче Џуклески, беше најдобар во својата категорија на натпреварот што важи за еден од најдобрите во светот, и според квалитетот и според бројот на учесници. Потврда за високото реноме на натпреварувањето...

Continue reading

Nagradi

Се одржа Свечената академија по повод патронот на градот Св. Климент Охридски

Post Views: 0 Синоќа во полупразната сала Билјана во хотелот „Метропол“, во Охрид, се одржа Свечената академија по повод патронот на градот Св. Климент Охридски. Овој општествен настан кој претставува најсвечен чин за нашиот град, беше отворен со прекрасната изведба на државната химна од страна на хорот при ОСУ „Св Климент Охридски“. присутните со пригоден говор ги поздрави градоначалникот Александар Петрески. Тој потсети дека делото на Св Климент Охридски треба да е пред сите нас, а посебно неговите пораки, кои се клуч на распознавање.  Традиционално на Свечената академија Комисијата...

Continue reading

prof dr. Jovanka Biljanoska

Универзитетите во рамки на современите глобални проблеми

Post Views: 13 Проф. Др.Јованка Биљаноска како редовен професор на ФТУ Охрид, учествуваше на првиот светски конгрес кој неодамна се одржа во Чанаккале, Турција. Со големи импресии, Биљаноска ја потенцира важноста на еден ваков голем и несекојдневен настан. „Предизвик е да се биде учесник на светскиот конгрес посебно заради сознанието дека традиционалниот концепт на универзитетите не важи во новото време, во услови на глобализација на сите текови, вклучувајќи го тука и образованието“, рече Биљаноска. На светскиот конгрес на универзитетите, покрај главната мото тема „Кои се новите...

Continue reading

Kaneo

Охрид со своја презентација во Лугано

Post Views: 7 Природните убавини, како и богатото културно наследство и традицијата на Охрид беа презентирани за време на осмиот Меѓународен саем за туризам, кој се одржа во Лугано во Швајцарија во последните неколку дена. Ова е четврти пат по ред како Охрид зема учество во овој саем во текот на кои се случуваат состаноци меѓу европските туристички агенции. Општина Охрид спроведе успешни средби со реномирани агенции од Швајцарија, Австрија, Германија, Полска и соседна Словенија. {loadposition content9}

Continue reading

Ohridsko ezero

Органска закана за Охридското езеро

Post Views: 19 Домашните и странските експерти, ќе го спасуваат Охридското езеро од органското загадување.Ќе се обидат да ја зачувуваата ендемичната фауна и флора во езерото и да и помогнат на природата сама да се избори со наметнатото зголемено нутриентно оптертување, кое е резултат на голобалните климатски промени.Нутриентото оптеретување  се заканува да го уништи живиот свет во Охридското езеро. На семинарот кој се одржа во ЈНУ Хидробилошки завод од Охрид, се одржа семинар на кој стана збор за биолошката продуктивност  на едно езеро кое особено зависи од хидродинамичкиот транспорт...

Continue reading

vezba

Меѓународниот Црвен крст одржа вежба во околината на Охрид

Post Views: 0 Прогласена е кризна состојба поради катастрофалната поплава која го зафати југоисточниот дел од Македонија- беше дел од сценариото. Со брифинг- состанок на претставници на Меѓународниот Црвен крст и Кризниот штаб, започна вежбата за случена елементарна непогода. Според одредено сценарио, активностите беа реализирани во околината на општина Охрид. Се дејствуваше онака како што би се дејствувало во време на катастрофална поплава. Претставниците на меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина не ја откриваа ниту локацијата, ниту пак што точно ќе се случува на терен....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top