Буџетот на општина Струга, топ тема

Буџетот на општина Струга, спротивен на граѓанските интереси. Овој акт за 2012 есета година кој на 5 ти јануари годинава доби зелено светло од Советот на општина Струга, осуден од пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Лилјана Затуроска.

 |  Билјана Николоска  | 
Ramiz Merko
Ramiz Merko

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во телефонски разговор за ТВМ, рече дека не се согласува со реакцијата на пратеничката Затуроска, од причина што седницата која што се одржа на 30 ти декември минатата година, претседателот не ја дозавршил и немало конечна одлука. На истата таа седница со точност не можел да се констатира бројот на гласови на струшките советници, за, против или воздржани, за да на продолжението од 35 тата седница која се одржа на 5 ти јануари се примени поединечно гласање, при што буџетот помина и се донесе одлука за негово усвојување, додава Мерко.
И соучесниците на Мерко, во изгласувањето на буџетот на општина Струга за 2012, струшките социјалдемократи, уште еднаш ја докажаа својата дволичност, ставајќи ги пред се личните интереси, обвинува Затуроска.
Во врска пак овие обвинувања, имаме став и од советничката група на струшките социјалдемократи. Од таму категорични дека ова е само уште еден неуспешен пазар на ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ, на локално ниво и нема друг изговор. Тие го поддржале буџетот, бидејќи увиделе дека со воздржаноста на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ се прави блокада на општината и програмите каде таа партиципира со буџетски средства. Од таму порачаа советниците на ВМРО – ДПМНЕ да не се кријат зад параванот на нивната пратеничка која е дел на централната власт и е во коалиција со ДУИ, а граѓаните сами да преценат кој работи за нив. Кој губи кој добива, ќе покаже престојнава година а нормално граѓаните нека оценат како работат нивните избраници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top