Ознака: одржа

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на ФТУ

Post Views: 12 Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.   Факултетското Студентско Собрание претставува...

Continue reading

Се одржа Велигденскиот базар на плоштадот Крушевска Република

Post Views: 15 На охридскиот плоштад Крушевска Република се одржа традиционалниот Велигденски базар.По шести пат пред големиот христијански празник Велигден се одржува манифестација на која може да се почустуваат духот на традицијата и обичаите од охридското поднебје поврзани со прославата на овој празник. За овогодишната организација на Велигденскиот базар се погрижи ЈП „ Градски пазар“, а со поддршка на Локалната самоуправа. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески беше во обиколка на големиот број штандови каде што беа изложени изработки од охридски занаетчии и сувенири од охридските...

Continue reading

superbrend dobitnici

„Адора Инженеринг“ Супербренд 2013/2104

Post Views: 0 „Адора Инженеринг“ е еден од годинешните добитници на признанието Супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија која во присуство на голем број македонски супербрендови и гости се одржа во Скопје. Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг, истакна дека по 12 годишното успешно работење, овој градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за  пошироката заедница. За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната...

Continue reading

Во Волино се одржа Јавна расправа за проектот за реставрација на река Сатеска

Post Views: 1 Неодамна во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца. На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино. Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата. Со проектот се предвидува...

Continue reading

ucenici nova

Македонските средношколци како Европски парламентарци

Post Views: 3 Во периодот од 3 до 5 октомври во организација на Меѓународното училиште „НОВА”,се одржа петтата национална симулација на Европскиот парламент. На овој настан учествуваа 80 ученици и 20 професори од дваесет средни  училишта во земјава. Овие ученици се дел од МЕП-клубовите во матичните училишта каде што учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. Тие се дел од дополнителната настава во секое од овие  училишта. Учениците кои  учествуваа на оваа симулација доаѓаат од средни училишта од: Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово,...

Continue reading

Lenoks i Klichko

Камбек на Ленокс Луис

Post Views: 7 Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко. – Уживав во пензијата, но јас имам недовршена работа и околу 125 милиони причини за да се вратам. Кличко, се радувам на 29-ти септември, напиша Луис. Иако е можно да се работи за првоаприлска шега, сепак веста предизвика внимание кај вљубениците во боксот ширум светот. Луис е последниот боксер кој го победи постариот Кличко, актуелниот првак во ВБЦ верзијата, со судска одлука во шестата рунда. Борбата...

Continue reading

Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“

Post Views: 1 Mеѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“ ги седна на иста маса научниците од повеќе Балкански држави. Професор Рубин Земон од Институот Евро Балкан напоменува дека продолжуваат со конференциски излагања научници од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија. Со презентација на најновите истражувања во однос на културното наследство, се развиваат релациите и се разменуваат културите, дополнува Земон. „Нашите релации со Турција се од Отоманската империја и перидот од пост Отоманската империја. По Балканските војни има голема миграција...

Continue reading

Се одржа културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Post Views: 3 Синоќа  во атарот на црквата Св. Петка пред спомен обележјето на Живко Чинго  во село Велгошти  се одржа  традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“. Пред љубителите на пишаниот збор и делото на Чинго се обрати градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски .     –И овој 13-ти август, овде, во неговата чудесна земја  Пасквелија,  дојдовме да се поклониме и да оддадеме почит на грандиозното литературно творештво  на  големиот македонски и светски писател, Живко Чинго. Иако изминаа 31 година од неговата прерана смрт, Живко Чинго  е еден од најголемите...

Continue reading

strelci

Резултати за поздрав

Post Views: 1 Охридските стрелци со воздушна пушка, надмоќно први. На шестиот по ред Куп со воздушно оружје од меѓународната програма, кој викендов се одржа во Скопје, по повод 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, Охриѓанчињата со завидни резултати. Пионерчињата од СК,,Охрид”  ги постигнаа следните резултати1.Миленкоски Кирил 170 круга2.Гоџоски Мартин 169 круга3.Достиноски Иво 169 круга, Кај пионерките: 1. Попоска Ирена со 172 круговиВо  меѓународна програма во сениорска конкуренција Шишкоски Михаил со освоено 2 место со резултат од 556 круга,. Претходниот викенд...

Continue reading

Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.

Post Views: 2 Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна Македонија, Егејска...

Continue reading

Нашите кошаркари втори во Птуј

Post Views: 6 Нашите најдобри кошаркари го освоија второто место на турнирот „Примус“ кој се одржа во словенечкиот град Птуј.По поразот од победникот на турнирот Словенија со 83:71 на стартот, избраниците на селекторот Марин Докузовски славеа со 66:57 против Полска, која претходно изгуби од домаќинот. Следна поголема проверка за формата на нашите кошаркари во пресрет на ЕП во Литванија ќе ја имаат на турнирот во Бормио викендов. На овој турнир ќе земат учество и кошаркарските репрезентации на Канада, Бугарија и домаќинот Италија.

Continue reading

ЗГ„Совест“ одржа јавна трибина за градежните зафати врз Али пашината џамија

Post Views: 2 ЗГ „Совест“ организираше јавна трибина за нелегалните градежни зафати врз Али пашината џамија. Голем број присутни граѓани и експерти од повеќе области дебатираа за сите прашања поврзани со објектот, како што истакнаа, и со нелегалната изградба на 32 метарското минаре на Али пашината џамија. Дебатираа архитекти, историчари на уметност, експерти од повеќе области, членови од надзорниот одбор во Завод и музеј. Сите порачаа, немаат верска или етничка нетрпеливост кон било кого, туку бараат почитување на законските одредби за зачување на културното и историско наследство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top