Се одржа Велигденскиот базар на плоштадот Крушевска Република

 По шести пат се почуствуваа пред празничната атмосфера и духот на традицијата  на најголемиот христијански празник Велигден.  Се слушаа народни македонски песни  и ора,  можеа да се вкусат специјалитети од охридското поднебје и да се купат рачни изработки и сувенири  по симболични цени. 

 |  Валентина Неловска  | 

На охридскиот плоштад Крушевска Република се одржа традиционалниот Велигденски базар.По шести пат пред големиот христијански празник Велигден се одржува манифестација на која може да се почустуваат духот на традицијата и обичаите од охридското поднебје поврзани со прославата на овој празник.

За овогодишната организација на Велигденскиот базар се погрижи ЈП „ Градски пазар“, а со поддршка на Локалната самоуправа. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески беше во обиколка на големиот број штандови каде што беа изложени изработки од охридски занаетчии и сувенири од охридските ученици, како и од производители на традиционална храна. Георгиески при тоа упати порака до своите сограѓани.

„На сите граѓани на Охрид им посакувам мир, спокој, хармонија во нивните домови.Празниците да ги поминат во пријатна атмосфера , растеретени од секојдневните проблеми и грижи. Да ја зајакнат нивната верба во Бога и божјите вредности“, порача Георгиески.

Кристина Крлеска Деспотоска, директор на ЈП Градски пазар, исто така им ги честита Велигденските празници на охриѓани и изрази големо задоволство од посетеноста на манифестацијата.

„Осоебно ми е драго што од година в година заинтересираноста за учество на Велигденскиот Базар е се поголема. Учество зедоа локални фирми, установи, занаетчии со рачни израбоки кои ќе ги нудат производите по симболични цени. Покрај нив зедоа учество и локални производители на традиционална храна и автентични јадења кои се подготвуваат по повод Велигденските празници“, напомена Крлеска Деспотоска.

За весела, раздвижена и распеана пред празнична атмосфера се погрижија учениците од повеќе охридски основни училишта, детската градинка, Фолклорниот ансамбл „Бисери“ и детскиот хор „ Весели бисерчиња“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top