• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“

Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“

Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“. Научници од неколку балкански држави презентираа најнови истражувања во однос на културното наследство. Во рамките на конференцијата турски уметници имаа уметничка изложба на ракотворби. 

 |  Валентина Неловска  | 

Mеѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“ ги седна на иста маса научниците од повеќе Балкански држави. Професор Рубин Земон од Институот Евро Балкан напоменува дека продолжуваат со конференциски излагања научници од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија. Со презентација на најновите истражувања во однос на културното наследство, се развиваат релациите и се разменуваат културите, дополнува Земон.

„Нашите релации со Турција се од Отоманската империја и перидот од пост Отоманската империја. По Балканските војни има голема миграција од Македонија. Има излагања и за македонските иселеници по Балканските војни во Турција и како се одвивала нивната еволуција и културен трансфер“, напоменува Земон.

 

Покрај научните презентации на историчарите и етнолозите, на конференцијата има изложба на турски уметници. Креатор на изложбата е турскиот професор Ахмед Акран, од Факултетот за применети уметности од Конија. Ние сме тука од повеќе земји и уметноста како универзална област не зближува сите нас, вели проф.Акран.

„Имаме 43 уметнички изработки од сите области на Турција. Имаме изложба на традиционални изработки на предмети, уметнички слики и рачни ракотворби кои потекнуваат од разни обалсти на Турција“, информира Акран.

Меѓународната конференција „Културно наследство, историја, традиција“ вчера започна во Кочаџик, во спомен куќата на Али Риза, родното село на таткото на Кемал Ататурк и во Центар Жупа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top