Резултати за поздрав

На шестиот по ред Куп со воздушно оружје од меѓународната програма, кој викендов се одржа во Скопје, по повод 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, Охриѓанчињата со завидни резултати.

 |  Крсте Голабовски  | 
strelci
strelci

Охридските стрелци со воздушна пушка, надмоќно први.

На шестиот по ред Куп со воздушно оружје од меѓународната програма, кој викендов се одржа во Скопје, по повод 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, Охриѓанчињата со завидни резултати.

Пионерчињата од СК,,Охрид”  ги постигнаа следните резултати
1.Миленкоски Кирил 170 круга
2.Гоџоски Мартин 169 круга
3.Достиноски Иво 169 круга,

Кај пионерките:

1. Попоска Ирена со 172 кругови
Во  меѓународна програма во сениорска конкуренција Шишкоски Михаил со освоено 2 место со резултат од 556 круга,.

Претходниот викенд пак во Охрид се одрза и Државно првенство на лица со инвалидитет на кое повторно доминираа охриѓани.
Дејан Танески од СК,,Охрид,, го освои првото место во дисциплина возд. пушка-сталак, пред Снежана Танеска во истата дисциплина. Ова е доволен доказ дека клубовите во Сојузот имаат отворени врати за сите добронамерници на овој спорт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top