Камбек на Ленокс Луис

Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко.

 |  Голабовски Крсте  | 
Lenoks i Klichko
Ленокс и Кличко

Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко.

Lenoks i Klichko– Уживав во пензијата, но јас имам недовршена работа и околу 125 милиони причини за да се вратам. Кличко, се радувам на 29-ти септември, напиша Луис.

Иако е можно да се работи за првоаприлска шега, сепак веста предизвика внимание кај вљубениците во боксот ширум светот. Луис е последниот боксер кој го победи постариот Кличко, актуелниот првак во ВБЦ верзијата, со судска одлука во шестата рунда. Борбата се одржа во Лос Анџелес во јуни 2003. година и беше последната во кариерата на Луис во која има 42 победи и само 2 порази.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top