Советот на Општина Охрид ја одржа 63-та седница

Одржана 63та седница на градскиот Совет. На самиот старт од дневен ред беше повлечена предлог одлуката за давање согласност за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП Охридски Комуналец за 2022 година, додека повеќе точки беа усвоени без поддршка од опозицијата. Советниците од опозицијата не дадоа согласност за годишните планови за вработување во основните училишта за следната година, а не ги прифатија ни годишните извештаи за материјално-финансиското работење во школите и јавните претпријатија.

 |  Валентина Неловска  | 

Одржана 63та седница на градскиот Совет на која што се расправаше по 86 точки од дневниот ред. Советниците ги усвоија предложените одлуки иако опозицијата не даде согласност или беше воздржана за повеќето точки кои беа на денешниот дневен ред. Советниците од опозицијата не дадоа согласност за годишните планови за вработување во основните училишта за следната година, а не ги прифатија ни годишните извештаи за работа и материјално-финансиското работење во школите и јавните претпријатија. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката за давање согласност за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Охридски комуналец“ за 2022 година. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски Комуналец, одговори на советничко прашање поврзано со досегашните вработувања во комуналното претпријатие.

Јавното претпријатите  Охридски комуналец вработува исклучиво по потреба. Се разбира дека се води сметка за начинот на исплаќање на плата, за финансиите. Успешно се справуваме со исплаќање на платите и немаме проблеми во финансиите и нема да имаме ни во иднина – истакна Грданоски.

Гордана Коњаноска, координатор на советничката група на Вмро Дпмне, упати апел до идниот состав на на градскиот совет во однос на одлуките за вработувања во јавните претпријатија. 

Навистина да покажат повеќе совест за одговорноста што ја има Советот и советниците за состојбите во коишто ни се сите Јавни претпријатија. Јас апсолутно не сметам дека вината за ситуацијата во која се наоѓаат претпријатијата дека е во менаџерските тимови. Да не бидам погрешено сфатена, сметам дека под притисок на политиката сите години наназад, каков и да е менеџерски тим да донесете ако треба да ја амортизира невработеноста и треба да задоволи нечиј апетит, ситуацијата ќе станува се полоша и полоша – рече Коњаноска.

Без поддршка на опозицијата во градскиот совет беа усвоени извештаите од работењето и остварените резултати за шесте месеци од оваа година за останатите јавни претпријатија, како и извештаите од работењето на одделенијата за даноци и комунални такси. Со едногласна одлука беа донесени извештајот за работа и финансиските потреби на Територијалната против пожарна единица, а беа прифатени и предлог одлуки за експропријација на градежно земјиште и предлог одлуки за пренесување на правото на користење на компјутерска опрема-таблети за седум основни училишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top