„Волшебна Македонија“ наградена во Италија

Филмуваниот проект „AMAZING MACEDONIA – Landscapes and sounds“ („Волшебна Македонија“) во продукција на Трето Уво, ја освои специјалната награда за особено квалитетен придонес во културолошка, историска и амбиентална презентација на Македонија на 47-миот Меѓународен фестивал за туристички филмови што се одржа од 25 до 29 мај во Лече, Италија.

 |  Маја Савиќ  | 
am
am

amФилмуваниот проект „AMAZING MACEDONIA – Landscapes and sounds“ („Волшебна Македонија“) во продукција на Трето Уво, ја освои специјалната награда за особено квалитетен придонес во културолошка, историска и амбиентална презентација на Македонија на 47-миот Меѓународен фестивал за туристички филмови што се одржа од 25 до 29 мај во Лече, Италија.

amВо конкуренција на вкупно 273 филмови од 60 земји, „Волшебна Македонија“, како што истакнуваат од продукциската куќа, предизвика особено внимание и беше поздравен со огромен аплауз од бројните новинари од медиуми од сите делови од светот, угледните гости и домаќини и пред илјадниците граѓани кои целиот настан го следеа на градскиот плоштад во Лече.

Филмот е во времетраење од 40 минути, фотографијата е на Владимир Арсовски, музиката на Златко Ориѓански, звучните ефекти на Братислав Зафировски, а монтажата е на Прва Продукција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top