Немој да ти заѕвони мобилен додека маестро Трпчески свири

Вчера во Кортона, Италија беше спуштена завесата на годинашното издание на фестивалот „Тосканско сонце“ што се одржа под мотото „Уметноста на живеењето“.

 |   | 
Trpceski
Трпчески

Trpceski i yeremiВчера во Кортона, Италија беше спуштена завесата на годинашното издание на фестивалот „Тосканско сонце“ што се одржа под мотото „Уметноста на живеењето“.

Огромно внимание предизвика премиерата на проектот „Заведување, чад и музика: љубовната приказна на Шопен и Жорж Санд“ од Џејмс Мело, во режија на Доналд Т. Сендерс, а во чија изведба ликот на музичарот Шопен зад пијаното го интерпретираше нашиот прославен пијанист Симон Трпчески, додека човекот и љубовникот Шопен на сцената го донесе легендарниот британски актер, оскаровецот Џереми Ајронс.

Интересен момент се случи на стартот од премиерата. Откако Трпчески, кој сам настапува на самиот почеток, отсвире 4 тактови од Ноктурното во цис-мол, тишината меѓу две ноти ја распара ѕвонењето на мобилен телефон чиј сопственик не успеа да се снајде и веднаш да го исклучи па ѕвонењето продолжи неколку пати. Пијанистот стана, ја напушти сцената и по кратка пауза се врати и го започна проектот од почеток. Публиката со одушевување го поздрави ваквиот потег на Трпчески.

Trpceski i yeremi

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top