Ознака: земјиште

Nova Gvineja

Во клизање на земјиште во Папуа Нова Гвинеја исчезнаа околу 40 луѓе

Post Views: 0 Околу 40 луѓе се водат за исчезнати во државата Папуа Нова Гвинеја откако нивното село, во близина на еден рудник за злато, настрада во лизгање на земјиштето. „Австралиска спасувачка екипа, составена од петмина, тргна на местото на несреќата за да помогнат во потрага по исчезнатите лица“, изјави претставникот на службата за вонредни ситуации Алестер Вилсон. Властите претходно соопштија дека на местото на инцидентот се пронајдени телата на 10 лица, меѓу кои има и три деца. Лизгањето на земјиштето се случи во близина на рудникот за злато Каинанту, источно од Горок, престолнината...

Continue reading

МЗШВ: Oгласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Post Views: 1 Охрид и Струга се меѓу градовите за кои министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Истите ќе бидат објавени по завршувањето на изборите за претседател на Република Северна Македонија и на локалните избори за избор на градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Се работи за јавни огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до и над 3 хектари, во повеќе региони во државата. На јавните огласи земјоделците ќе може...

Continue reading

УГОСТИТЕЛИТЕ ДА ГИ ПОДМИРАТ ОБВРСКИТЕ ЗА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Post Views: 2 Општина Охрид упатува апел до сопствениците на угостителските објекти кои не ги подмириле обврските за краткотраен закуп на градежно земјиште тоа да го сторат во најскоро време затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани од соодветните инспекциски служби и не ќе може да поднесуваат барања за тековната година. Износите кои треба да се платат се определени според квадратурата на проектот за поставување урбана опрема, согласно договорите кои ги склучиле. Општина Охрид има издадено околу 38 одобренија за угостителски објекти за користење на градежно земјиште за 2018 година,...

Continue reading

sednicastruga

Струшкиот Совет ја одржа последната седница

Post Views: 8   Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам  и мајтапење на законските прописи.  Затуроски додава...

Continue reading

crkva

Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии

Post Views: 9 Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии. Струшките локални власти удоволија на барањето на Македонската православна црква и исламската верска заедница, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација, да бидат ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски прецизно појаснува за каква одлука станува збор. „Значи сите верски објекти кои што се изградени без одобрение а за кои што се доставени барања за легализација се ослободуваат од надоместок за уредување на градежно...

Continue reading

Ramiz Merko

Економскиот развој на Струга е најважен

Post Views: 1 Општина Струга е една од општините подготвени да менаџираат со неизграденото државно земјиште, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Со Законот за менаџирање на државното земјиште на РМ, се задолжуваат сите општини за земјиште, за кое има чисти маркици и се донесени деталните урбанистички планови, да усвојат годишна програма за управување со градежно земјиште која за целото тоа земјиште ја носи Советот на општините. После одлуката на советот на општините таа, програма се доставува до Комитетот за управување со градежно неизградено земјиште. Овој комитет заседава во Министерството...

Continue reading

Неизвесна судбина на најатрактивното земјиште во Љубаништа, охридско

Post Views: 2 Неизвесна судбината на најатрактивното земјиште крај брегот на Охридскот Езеро, Љубаништа. Ова земјиште сеуште не е урбанизирано, а тука се наоѓаат имотите на дел од мештаните на оваа туристичка населба. Како што е познато нивните имоти се влезени во планот на Владата за изградба на туристички зони каде треба да никнат елитни хотели и вилски населби. Жителите на Љубаништа не се откажуваат од своето земјиште и бараат од надлежните институции да дојдат и да им објаснат што е планирано со нивните имоти и зошто државата се обидува да им ги плати по цена која е далеку од...

Continue reading

Merko

Струга ќе добие назад атрактивни делови државно земјиште

Post Views: 29 Струга е чекор понапред од останатите општини во реализација на процесот за менаџирање со неизграденото државно земјиште, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Со новиот Закон за градежно земјиште, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Струшкиот градоначалник вели дека моментално, интензивно работат на урбанизација на атрактивните локации кои треба да се вратат владение на Општина Струга. „Направив нешто повеќе од другите општини, за 5 години колку што се зборуваше дека ќе има закон за враќање на...

Continue reading

Struga

Јавно наддавање за градежни парцели во Струга

Post Views: 11 Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно надавање за отуѓување 18 парцели државно градежно неизградено земјиште на подрачјето на општина Струга, со намена за изградба на трговски комплески. За локацијата со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, Советот на општина Струга неодамна донесе Детален урбанистички план. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко очекува јавното надавање да заврши успешно, со оглед на големиот интерес за 18-те парцели  кои ќе бидат предмет на јавно наддавање. Според Мерко, на локациите кои се предмет на јавно надавање...

Continue reading

zemjodelci

Охридските земјоделци ќе закупат 1 хектар државно земјиште понудено на јавен оглас

Post Views: 4 Охридските земјоделци може да закупат државно земјоделско земјиште на еден јавен оглас и два повици кои ги објави  ресорното министерство. На јавниот оглас се издаваат површини во селата Свиништа и Мешеишта. Во Свиништа под наем ќе се издаваат две површина од 5792 метри квадратни  и три парцели од 4285 метри квадратни во Мешеишта. Цената на закупнина за овој јавен оглас ќе се одредува според катастарската класа на земјиштето. Јавните повици пак,  до 3 и над 3 хектари се со цел земјоделците да ја регулираат сопственоста на земјоделските површини кои веќе ги користат....

Continue reading

Жител на Оровник седум години чека исплата за одземено земјиште од државата

Post Views: 0 Вангел Јолакоски од село Оровник во општина Дебрца, седум години бара правда за одземеното земјиште за изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Експропријацијата се извршила во 2014 година, одземени му се 1825 квадрати, не се сложиле за цената, државата понудила 20 евра од квадрат, а реалната била двојно повисока. Спорот го решавале по судски пат, Управниот суд три пати одлучил во негова полза, но Второстепената комисија ги поништува правосилните пресуди. Последната одлука на Управниот суд  е донесена во февруари годинава, со налог да се исплати надометок на сопственикот...

Continue reading

Ramiz Merko

Се отвoра поле за работа

Post Views: 1 Дваесет и пет хектари земја наменети за индустриска зона во Струга. За ова земјиште уште во декември минатата година донесен е ДУП и истиот е усвоен. Се работи за земјиште кое се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Охрид – Ќефасан и за кое општина Струга издаде 40 маркици. Се чека само Министерството за транспорт и врски да распише тендер, вели првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко.Но, Мерко ветува и слободна економска зона која ќе опфаќа тројно повеќе хектари земја. Имено на тоа се работи повеќе од три години. Првичната локација јужно од коридор 8 не била...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top