Охридските земјоделци ќе закупат 1 хектар државно земјиште понудено на јавен оглас

Охридските земјоделци ќе закупaт 1 хектар  државно земјиште понудено  на јавен  оглас.

 |  Валентина Неловска  | 
zemjodelci

zemjisteОхридските земјоделци може да закупат државно земјоделско земјиште на еден јавен оглас и два повици кои ги објави  ресорното министерство. На јавниот оглас се издаваат површини во селата Свиништа и Мешеишта. Во Свиништа под наем ќе се издаваат две површина од 5792 метри квадратни  и три парцели од 4285 метри квадратни во Мешеишта. Цената на закупнина за овој јавен оглас ќе се одредува според катастарската класа на земјиштето.
Јавните повици пак,  до 3 и над 3 хектари се со цел земјоделците да ја регулираат сопственоста на земјоделските површини кои веќе ги користат. Охридските земјоделци  за  закупнина ќе плаќаат годишна просечна цена во висина од 5582,00 денари по хектар.

Михаил Цветков министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека на јавниот оглас и јавните повици може да се јавуваат заинтересираните земјоделци. Цветков укажа дека за јавниот повик за закуп на земјиште до 3 хектари согласно Законот за земјоделско земјиште заинтерсираните земјоделци кои се најблиску до парцелите може да добијат 40 бодови од 140 за земјишетот кое  се издава под  закуп.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       
zemjodelie„ Целта е овие мали површини да ги добијат земјоделците кои се во близина на тие површини. Додека огласот кој  е над 3 хектари оди на електронска  аукција. Секое претпријатие, правно и физичко лице може да се јави на огласот и кој ќе даде највисока цена на закуп тој ќе го добие земјиштето, информира Цветков.       

Цветков напомена дека времетраењето на договорите за  закупот ќе зависат од видот на  земјодлеските и овоштарските култури кои ќе се засадуваат.
„ Времетраењето на закупот се движи од 15 до 70 години .15 години е за полјоделските култури и житниет култури, 70 години е за лешници, за маслинките е  50 години, а за оранжериите е 30 години“, посочува Цветков.

Министерот Цветков наскоро најави уште еден  оглас кој ќе се однесува за долготрајните насади. Огласот  ќе се однесува за земјоделците кои насадиле  површини на земјиште во државна сопственост земјоделски  култури постари од три години. Тие ќе може да го легализираат закупот и да ги користат бенефициите кои ги дава државата.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top