Струшкиот Совет ја одржа последната седница

Советничката група на ВМРО- ДПМНЕ цврсто застана на својот став: Нема поддршка за легализација на 15 објекти на атрактивни локации во општината. Но тоа не го спречи изгласувањето на предлог одлуките.

 |  Николоска Биљана  | 
sednicastruga
седницаструга

 

Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. sednicastrugaНикола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам  и мајтапење на законските прописи.  Затуроски додава дека со изгласувањето на оваа одлука  градоначалникот сака вината да ја префрли врз советот на општината.

 „Конкретно за локацијата што се наоѓа на устието на реката Црн Дрим таа беше наменета според програмата за поставување на урбана упрема за монтажен шанк на градежно изградено земјиште, што значи самата урбана опрема не е дел од тоа градежно земјиште и врз основа на ова одобрение фактички за поставување на урбана опрема, не се стекнува право на сопственост врз самото земјиште. Очигледно е дека станува збор за пречекорување на надлежностите на општина Струга“.

sednicastrugaГрадоначалникот на Струга Рамиз Мерко, во врска легализацијата на бесправно изградените објекти од кои шест се во населените места во општината, а девет се наоѓаат на атрактивни локации во градот Струга, појасни која е улогата на советниците а која на Локалната самоуправа.

„Советот на општина Струга не носи никаква одлука за легализирање на било кој објект, туку дава можности после Локалната самоуправа со урбанистички планови да предвиди ако е можно да ги легализира и стави во ДУП. Значи Советот на општина Струга не ги легализира, за легализација се спрема документација, елаборати, после увид врши комисијата за легализација па на крај градоначалникот.

Струшкиот Совет даде зелено светло за легализирање на 14 бесправно изградени објекти, со исклучок на еден објект. Одлуката помина со помош на гласовите на советничките групи на ДУИ, ДПА и ПЕИ. Понатака дали ќе се легализираат бесправно изградените објекти или не, теретот ќе падне на  наследникот на градоначалникот Рамиз Мерко.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top