Ознака: земјиште

sednica

Ќе се продава земјиштето на кое ќе се градат автобуска, катна гаража и дом за стари лица

Post Views: 4 Мнозинство советници во градскиот совет во отсуство на нивните колеги од СДСМ и ЛДП,  дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р  Македонија, на кое е предвидено да се изградат катна гаража, автобуска станица и Дом за стари лица. Советниците од опозицијата нагласија дека не се против изградба на овие капитални проекти кои се од суштинско значење за градот, туку на начинот на кој тоа се прави, со отуѓување односно со продажба на земјиштето. “Одлуката е избрзана, истата не ја прифаќаме и ќе ја напуштиме...

Continue reading

општина охрид

Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов

Post Views: 3 Градските избраници ќе носат одлуки за иднината  на три капитални проекти за градов . На утрешната 33та седница на градскиот совет ќе се најдат предлог Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража,  предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија  за изградба на автобуска станица и предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на дом за стари лица. Што се однесува до проектот за современата автобуска станица од Локалната...

Continue reading

ohridsko ezero

Четири луксузни хотели ќе се градaт на охридското крајбрежје

Post Views: 1 На просторот кај детската специјална болница, која е претворена во руина,  ќе се гради луксузен хотел. На оваа тема деновиве  се водени разговори помеѓу потенцијални инвеститори и локалната самоуправа, Министерството за странски инвестиции и  Министерството за транспорт и врски , информира охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. „ Заинтересираните за купување на тоа земјиште се со цел изградба на луксузен хотелски коплекс. Од тие причини според пројавениот интерес на потенцијалните инвеститори, Министерството за транспорт и врски, веќе подготвува  тендерска документација...

Continue reading

ljubanista

Жителите од Љубаништа се огласија за земјиштето кое треба да им се одземе

Post Views: 5 Жителите од Љубаништа се огласија за  земјиштето кое треба да им биде  одземено. На собирот побарале  средба со владини претставници, вели Наум Ристески, претседател на Коордитивното тело од Љубаништа. Досега никој не  побарал да се сретне со нас, ни од државата, ни од Локалната власт,  за да  ни каже што ќе се случува со земјиштето, кажува револтирано Ристеки. Мештаните  се тука и постојат, некој треба да им каже , кој ќе ја одземе и за што земјата во Љубаништа, вели Ристески. „ Ова е крик на народот дека постојат овие луѓе, никој не не прашува што  ќе се направи. Дали...

Continue reading

urbana

Прво подмирени долгови, а после одобрение за поставување урбана опрема

Post Views: 3 Врз основа на одлуките за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година за угостителските објекти, за зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување столови и маси и за утврдување на висината на комуналната такса за користење простор пред деловни простории за вршење дејност, општина Охрид го објави упатството за добивање на одобренија. Барањата за поставување урбана опрема за оваа година може да се поднесуваат за период од минимум 3 месеци, со можност за продложување и тоа со поднесување ...

Continue reading

narodna

За ВМРО Народна, експропријацијата на земјиштето за автопатот е спорна

Post Views: 0 ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за изградба...

Continue reading

мтц

МТЦ: Наводите на ОО СДСМ Охрид се целосни невистини

Post Views: 3   Министерството за транспорт и врски најостро реагира на денешната прес-конференција на општинската организација на СДСМ Охрид. Изнесените наводи дека „од страна на државата било откупено земјиште за 10 милиони денари блиску до охридскиот аеродром, иако тоа земјиште не може да се искористи за проширување на аеродромот, со што на претходните сопственици, партиски војници, роднини и пријатели на претставници на власта им се подариле 162.600 евра…“ се целосни невистини, реагираат од Министерството. Земајќи го фактот дека експропријацијата за која на оваа прес-конференција...

Continue reading

sdsm

Охридските социјал демократи укажуваат на низа незаконитости во манастирскиот комплекс Св.Наум

Post Views: 1 Во манастирскиот комплекс Св Наум се случуваат повеќе незаконски делувања на одредени државни институции од власта на ДПМНЕ, обвинуваат охридските социјал демократи. Со тоа не се почитуваат правата на жителите на Охрид , рече на денешната прес конферција портпаролот на ОО СДСМ  Александар Кузески. Тој  укажа дека Kомисијата за денационализација  во три наврати, спротивно на законските одредби од Законот за денационализација, со решенија од 2008, 2009 и 2011 година одзела  од РМ  над 3 илјади хектари земјиште,  дел од Националниот парк Галичица, и го вратила на црквата....

Continue reading

stolovi kafeterii

Поставувањето на маси и столови пред угостителските објекти ќе се наплаќа по зони

Post Views: 2 Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа. Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови. „Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и третата...

Continue reading

пчелар

Пчелари внимавајте кому плаќате закупнина

Post Views: 0 Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта. Порачуваат пчеларите да не плаќаат закупнина ако фактурата не е со лого и печат од ЈП за стопанисување со пасишта. Претседателот на Комсијата за издавање на користење на пасишта, при ЈП за стoпaнисување со пасишта, Амир Беџети ги предупредува пчеларите од можни измами.   „ Им ставаме дознаење за можни злоупотреби. Надоместокот се плаќа само на ЈП за пасишта утврден со тарифник и се плаќа вирмански на жиро сметка. Таа е целта да бидат информирани...

Continue reading

лого

ВМРО ДПМНЕ: Владата направи потег во интерес на развојот на Охрид

Post Views: 6 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид сметаат дека чинот на Владата за доделување на градежното земјиште на менаџирање на локалната самоуправа значи спроведување на децентрализацијата како процес. А тоа што овој процес се случува дури сега а не порано, според нив, е резултат на неодговорноста и неспособноста на локалната власт која со години го блокирала развојот на Охрид. „Охрид согласно законските норми ќе треба квалитетно отсега да управува со градежното земјиште и преку тоа да обезбеди квалитетен развој на Општината во иднина.Но довербата во оваа сегашна Локална самоуправа во...

Continue reading

lokalna

Општина Охрид самостојно ќе управува со градежното неизградено земјиште

Post Views: 4 Општина Охрид од денес и официјално го презеде процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Ова беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за транспорт и врски. Со оваа одлука на Владата , локалната самоуправа на Охрид се здобива со правото да отуѓува и дава под закуп неизградено државно градежно земјиште на територијата на општината. „Со оваа одлука се потврдува дека Владата на Република Македонија работи објективно и транспарентно, врз основа на законските прописи и со тоа паѓаат во вода...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top